Daily Archives: април 2, 2018

Еко маскембал

Под менторство на наставниците Ана Видоевска – Динева, Јасмина Маџаревска, Лилјана Ружиновска и Анита Петровска учениците од ООУ„Вера Циривири – Трена“ земаа учество на „ЕКО МАСКЕНБАЛ“ организиран од страна на Општина Карпош кој се одржа во ООУ „Јан Амос Коменски“.

На маскенбалот  беа доделени вкупно 5 награди. Од нив ученикот Андон Ангелов од IIIб одделение освои 3 награда за маската „ЕКО ЦВЕТ“.IMG-c24d6b80b565a2611ad5ad85c6dba3bf-VIMG-5fb23376be3e652a65415a5add5df22d-V IMG-2e8f14a63c1e6c78ebb75228ca92674b-V IMG-619073aa986aa985e8881e5564422fa8-V

Да ги заштитиме децата во сообраќајот

Во соработка со одделот за превенција при СВР – Скопје, во нашето училиште се одржа предавање за сообраќајно воспитание од страна на самостоен инспектор Драган Велјановски на тема „Да ги заштитиме децата во сообраќајот“.

На предавањето беа присутни учениците од второ и четврто одделение, на кои им се појасни за правилата во сообраќајот, начинот на однесување и учество на децата во сообраќајот, сообраќајните знаци и за различни ситуации од секојдневното учество во сообраќајот.viber image viber image3 viber image4jpg viber image4jpg

Духот на неолитот во Тумба Маџари

Програма ВИДОВ, СЛУШНАВ, НАУЧИВ

 

Духот на неолитот во Тумба Маџари

 

Нашето училиште во соработка со Креативниот центар Карпош – Центар за културно наследство, реализираше посета од училишната програма „Видов, слушнав научив“ која има за цел не само учениците да добијат информација за нашето минато, туку пред сѐ и да ги вклучат сите сетила во стекнување на целокупно опипливо знаење (оттаму насловот Видов, слушнав, научив).

Затоа петокот 13-ти за нас не беше баксузен, напротив, ние, главните актери на оваа археолошка авантура, предводени од наставниците Лилјана Ружиновска, Танка Спасовска и Наташа Јовковска, го искористивме топлиот сончев ден и вооружени со љубопитство тргнавме правец –неолитската населба Тумба Маџари.

Што видовме таму?

Не пречекаа кустосите од Археолошки музеј предводени од Елена Канзурова, тие ни ја отворија портата на еден сосема различен скриен свет, светот на нашите неолитски предци.

Секоја фотографија од овој ден делумно ја доловува убавината што ја доживеавме таму…но ова е само почеток, планираме да оствариме работилници инспирирани од тој необичен неолитски свет кој го осетивме таму, затоа останете поврзани со нас! Следете не!

123124 4213421 242354353

Да живее уметноста, да живее мултикултурализмот!

1 2 4

МИО (Меѓуетничка интеграција во образованието) како предизвик и надвор од Македонија

 

После одредена пауза ООУ „Вера Циривири – Трена“ го освежи долгогодишното пријателство со ОУ „Петефи Шандор“ од Нови Сад, притоа искористувајќи ја ентузијастички поканата за учество на нашето училиште на ликовната колонија „ Дедал и Икар“. На оваа културна манифестација која ги собра ликовните уметници, ликовните педагози и талентираните ученици покрај учеството на нашето училиште (единствено од Македонија) учество земаа училишта од Хрватска, Словенија, Унгарија и се разбира Србија. На оваа колонија која се одржа од 20-ти до 22-ри октомври, клучно беше не само да се земе учество, но и воедно да се остварат нови познанства со училиштата од регионот, да се разменат искуства и идеи, да се живее идејата за мултикултурализам или МИО надвор од македонските граници. Покрај срдечното  и топло добредојде, да бидеме искрени беше воочено како училиштата од Македонија се често отсутни од било какви манифестации кои се случуваат во регионот, затоа нашето присуство таму беше повеќе од „само“ учество. Нови пријателства, евоцирање спомени со нашите збратимени колеги од „Петефи Шандор“, едноставно кажано беше остварено регионално вмрежување со размена на нови идеи и желби за заеднички работилници и проекти. Но сепак јаготката на шлагот не беше само извонредната организираност на работилницата за популаризација на графиката, туку и изработката на графиката на нашата талентирана ученичка Елена Попоска под менторство на наставникот Лилјана Ружиновска, на тема Ритам.