Monthly Archives: јуни 2018

Креативниот центар Карпош ги собраа првите плодови од овогодишната реколта

На седми јуни и оваа година младите биолози, производители на храна во Центарот за храна кој се наоѓа во нашето училиште, ООУ „Вера Циривири – Трена“, а е дел од Креативниот центар Карпош ги собраа првите плодови од овогодишната реколта. Во соработка со компанијата „Евгени“ и Земјоделскиот институт, а под будното око на Лазе, Томе и наставничката Дивна произведени се првите краставици. Учениците кои беа вклучени во работата на Центарот за храна се насладуваа на вкусните, миризливи штотуку набрани краставички од градината, произведени без хемиски средства. Наредната недела се очекуваат првите тиквички, брокула, зелка и карфиол. За време на настанот, проф. д-р Зоран Т. Поповски на нашето училиште му подари збирка долгогодишно собирање материјали – Биолошко наследство на Македонија, кои ќе ни користат во воспитно – образовниот процес.

град град2 град3 град4 град5 град6 град7

Предизвик за млади истражувачи

Нашите ученици под лидерство на наставничката Дивна Карапанчева и менторство на наставничката Валентина Пешевска присуствуваа на прогласувањето на најуспешните училишта од “Предизвикот за млади истражувачи” организиран од Фонд за иновации и технолошки развој. Настанот се одржа на 9.6.2018 година во Владата на Република Македонија. Претсетаделот на Владата на Република Македонија заедно со министрите за образование и здравство и директорот на Фондот за иновации и технолошки развој ни доделија вредносен ваучер за истражувачкиот проект “Стаклена градина” во вредност од 263.000 денари, потребни за изградба на стаклената градина.

viber image viber image1 viber image3 viber image5 viber image6 viber image8

Учество на Јуниорска македонска математичка олимпијада

 На  ден 2.06.2018 г. на Машинскиот Факултет Скопје   од страна на Сојузот на математичари беше реализирана Јуниорска македонска математичка  олимпијада на кој учество земаа  учениците од нашето училиште .  Чест и задоволство е да се биде дел од  најдобрите  шеесетина ученици од цела Македонија . Нашето училиште го претставија ученичките Теодора Пандова VIII   одделение  и Ивона Зикова VII  одделение    .

Резултатите кои беа постигнати се :

Ивона Зикова VII  одделение  пофалница

Теодора Пандова VIII   одделение учество .

 

 

 

Успешни и по натпреварите по географија

Да кажеме и збор два за овогодинашниве натпревари по географија, и оваа година сме закитени со неколку награди.

Ива Мојтиќ- Општински натпревар -3 место;
Ивана Димитрова и Стефанија Јовческа – Скопски регионален натпревар- Прва награда,
Стефанија Јовческа и Ивана Димитрова – Државен натпревар- Прва награда

Спој на креативност и антика

Кон врвот заедно можеме се – ова беше мотото на нашиот 55-ти патронен празник на нашето училиште на кој добивме Прва награда за заедничка изработка – ликовна творба- Паун- инспирирана од мозаиците на нашите антички градови, за кои учевме на изборниот предмет- нашата татковина. Изработиле  Марија А. Јаневска- 9-б и ментор наставник Л. Ѓоргоска

  IMG-03c1ee2606bce01059ffb91db73eb4c3-V (1)IMG-6694799acb74e138ce4f6679434aac91-VIMG-9a4f6a70d5b2b369d567cb8f91cd07be-V