Monthly Archives: март 2019

Биохемискиот состав на храната – Центар за Храна

Центар за храна 2019

На 16.03.2019 Центарот за Храна во рамките на ООУ „Вера Циривири Трена“ започна со лабораториски активности на тема Биохемискиот состав на храна. При оваа работилница пријавените учениции беа воведени во основите на лабораториската работа (правилна работа и безбедност) и составот на храната и водата – јаглехидрати, минерални материи и витамини, како и некои потенцијално штетни соединенија кои можат да се најдат во истите. За секој од овие макро и микронутриенти младите истражувачи, надгледувани од страна на будното око на наставничката по Биологија Дивна Карапанчева, успешно изведуваа биохемиски експрименти и покажаа голем интерес за следната работилница.

 

1 4 2 3

Еколошки активности во „Вера“

Пролетно, еколошко средување на училишниот двор. Беа засадени нови цвеќиња, дрвца, од страна на младите биолози беше средена градината за престојната сезона, а најмалите првачиња го исчистија дворот до последниот отпадок. Ден на екологијата треба да е секој ден…придружете ни се.

IMG-8c976dff61980e8a4b6c05e2c9425f01-V IMG-9be6198a5da861f3268281100d74d580-V IMG-3fc36b566369f0c7c7b010b1c8724070-V IMG-696262802ace86bd042988323255ac51-V

dav

dav

dav

dav

dav

dav

Се натпреваруваме и победуваме

На  ден 2.03.2019 г. Беше реализиран општнски натпревар по математика на кој учество земаа учениците од   IV –IX  одделение.

Целта  на натпреварот беше за се развие љубовта кон математиката како и откривање на ученици кои имаат развиен талент кон математиката, развивање на натпреварувачки дух меѓу учениците . На истиот беа постигнати завидни резултати и тоа :

Постигнати резултати :

IV б  одделение:

Јана Ѓорговска          II  награда   (80  поени )

V а  одделение:

Димитри Степаноски    III  награда   (69 поени )

 

VI б  одделение:

 Изабела Црња                   пофалница

 Андреј Каруловски       III  награда   (55 поени )

 Теодора Наумовска      пофалница

 Карма Менко                 III  награда    (67 поени )

 Бодан Георгијевски      III  награда   (55 поени )

 

 VIIа одделение:

Анастасија Ставреска        III  награда   (55 поени )

 

VIIIа одделение:

Ива Мојтиќ                       III  награда    (55 поени )

 

VIII  б одделение:

 

Ивона Зикова                     I  награда    (100 поени )

Стефанија Јовческа           I  награда    (95 поени )

 Ивана Димиртова             I  награда    (100 поени )

  

IX а одделение:

 

  Теодора Пандова         III  награда    (90 поени )

  Елена Клинчарова       пофалница