Monthly Archives: октомври 2019

Посета на подвижна училница „Живот на социјалните медиуми“

Минатата недела, на 16.10.2019, учениците од деветите одделенија од нашето училиште заедно со наставниците Маја Кузманоска и Танка Спасовска, присуствуваа на подвижна училница насловена „Живот на социјалните медиуми“. Работилницата е резултат на меѓународна соработка на македонската и италијанската полиција со посредство на меѓународниот детски и младински филмски фестивал Џифони. 

Пред почетокот на предавањето, воведна реч имаше г-ѓа Катерина Стојкова, Инспектор од Оддел за превенција во СВР Скопје. На училницта експертите од италијанската полиција  ги оркрија тајните за безбедно користење на интернетот:

  • домашно банкарство и пазарење преку интернет,
  • кражба на идентитет и безбедно користење на социјалните мрежи,
  • безбедност на малолетните корисници и превенција на злоупотреби насочени кон деца.maja1 maja2 maja3

Учество на меѓународниот филмски фестивал за деца и младинци „Џифони Македонија “

а меѓународниот филмски фестивал за деца и млади *Џифони Македонија*, кој оваа година  се одржa
по седми пат, учествуваа наши ученици од VII-IX одделение во улога на жири комисија.

 

Петдневната програма содржеше богата филмска понуда, креативни работилници, мастер класови, изложби, концерти и низа други креативни и едукативни активности во кои нашите ученици активно се вклучија.

Богатите впечатоци и неверојатното искуство што учениците го добија, ќе бидат непресушна инспирација да се продолжи успешно да се следат и негуваат вредностите промовирани од семејството на Џифони.

сл џ2слика џифони1

Прием на првачиња во Детска организација

По повод свечениот прием на првачињата на ден 10.10.2019 година, во Детската организација, во нашето училиште ООУ „Вера Циривири-Трена' се одржа свечена програма. Беа изведени хорски песни, сплет од народни песни, рецитал и драматизација, изведба на коviber_image_2019-10-10_13-11-42 viber_image_2019-10-10_13-11-59 viber_image_2019-10-10_13-12-20 viber_image_2019-10-10_13-12-30 viber_image_2019-10-10_13-12-35 viber_image_2019-10-10_13-12-40 viber_image_2019-10-10_13-12-51 viber_image_2019-10-10_13-13-08мпозиции на пијано и балет.