Monthly Archives: декември 2021

МИО дружење под мото „Нашата традиција – наша иднина“

 

Во духот на заедништвото и мултиетничката интеграција во нашето училиште на 24.12.2021 год. се одржа заедничка работилница со збратименото училиште„Братство“. Истата беше реализирана под мотото „Нашата традиција – наша иднина“. Воедно беа реализирани повеќе активности како: декорирање народни мотиви и носии од двата етникума, ткаење, пишување пораки на повеќе јазици, народни танци од двата етникума.

Сето тоа беше финализирано со заедничка новогодишна порака за љубов, мир и соживот.lik-1 lik-2 lik-3 lik-7

Меморандум за соработка со Институтот за европски образовни, социо-културни и економски политики ЕВРОПА ЗА ТЕБЕ

На ден 07.12.2021година, ООУ"Вера Циривири-Трена" склучи Меморандум за соработка со Институтот за европски образовни, социо-културни и економски политики ЕВРОПА ЗА ТЕБЕ Скопје. 
Целта на соработката е да се изгради партнерство во спроведување на конкретни проектни активности со намера да се остварат заеднички цели преку реализирање на взаемни проекти во сферата на образовниот, економскиот, социо-културниот и општествениот живот.svetele4 svetl2 svetle1 svetle3

Експриментираме и учиме хемија

 

Интересно и безбедно експериментирање со учениците од 8 и 9 одделение во кабинетот по хемија .

hemija -3 hemija-1hemija-2