Како полесно низ тинејџерските години

Разбуди го родителот во себе

ТИНЕЈЏЕРСТВО И РОДИТЕЛСТВО 👪✨

Тинејџерството на детето е веројатно еден од најтешките периоди во родителството што буди низа емоции од возбуда и надеж, до немир, страв и немоќ. 🎢 Но, добрата вест е дека може да се проживее полесно ако ги имаме потребните знаења и вештини. 💡

Ова беше пораката на инспиративната работилница за родители на тинејџери што се одржа синоќа во ООУ “Вера Циривири-Трена”, Скопје. 🏫🌟

На работилницата се зборуваше за:

  • Зошто тинејџерите се такви какви што се? 🤔

  • Како да се балансира меѓу автономијата и поврзаноста? ⚖️

  • Како да се подобри комуникацијата со тинејџерот? 🗣️💬

Работилницата ја водеше д-р Соња Китановска-Кимовска, универзитетски професор, едукатор за родители и автор на книгата Разбуди го родителот во себе. 📖👩‍🏫

Се радуваме што нашето училиште продолжува да придонесува за јакнење на семејствата во овој критичен период од развојот. 💪👪🌱

Вера Циривири Лого 200
Политиката на приватност

Како ги собираме, користиме и заштитуваме вашите лични податоци.
Прочитај повеќе