Разбуди го родителот во себе
ТИНЕЈЏЕРСТВО И РОДИТЕЛСТВО 👪✨
Тинејџерството на детето е веројатно еден од најтешките периоди во родителството што буди низа емоции од возбуда и надеж, до немир, страв и немоќ. 🎢 Но, добрата вест е дека може да се проживее полесно ако ги имаме потребните знаења и вештини. 💡
Ова беше пораката на инспиративната работилница за родители на тинејџери што се одржа синоќа во ООУ “Вера Циривири-Трена”, Скопје. 🏫🌟
На работилницата се зборуваше за:
-
Зошто тинејџерите се такви какви што се? 🤔
-
Како да се балансира меѓу автономијата и поврзаноста? ⚖️
-
Како да се подобри комуникацијата со тинејџерот? 🗣️💬
Работилницата ја водеше д-р Соња Китановска-Кимовска, универзитетски професор, едукатор за родители и автор на книгата “Разбуди го родителот во себе“. 📖👩🏫
Се радуваме што нашето училиште продолжува да придонесува за јакнење на семејствата во овој критичен период од развојот. 💪👪🌱







Поврзани содржини