Работилница Размножување кај растенијата и климатски промени 30 04 2026

Работилница „Размножување кај растенијата и климатски промени“

Стаклената градина продолжува со истражување на креативни теми и оваа пролет! 🌱🌸 На 27.04 во 13 часот беше организирана работилница на тема „Размножување кај растенијата и климатски промени“ 🌍 предводена од наставник-ментор Дивна Карапанчева во организација на КЦК. На работилницата беа присутни 15 ученици од различни основни училишта од општина Карпош 👩‍🌾👨‍🌾 кои активно истражуваа. Работилницата започна со знаења за различните начини на размножување кај растенијата 🌿 и разликите помеѓу полово и бесполово размножување. Учениците имаа можност да разгледуваат растење на авокадо 🥑 во различни фази, како и начини како семките од авокадо се засадуваат. Потоа секој ученик изработи своја самонаводнувачка саксија која ја декорираа и засадија семиња од различни видови на растенија 🌼. Како последна тема на работилницата се дискутираше процесот на компостирање ♻️ и како учениците можат да прават свој компост дома со цел намалување на климатските промени 🌎. Ентузијастичните истражувачи на крајот заминаа со нови знаења 📚 и свои самонаводнувачки саксии 🪴. Се гледаме на следната работилница во нашата стаклена градина! 🌿✨

Вера Циривири Лого 200
Политиката на приватност

Како ги собираме, користиме и заштитуваме вашите лични податоци.
Прочитај повеќе