Нашите најдобри талентирани ученици и спортисти

nashite najdobri talentirani uchenici i sportisti 01 10 2025

Нашите најдобри талентирани ученици и спортисти

На 18ти септември во просториите на новата општинска зграда се одржа свечена церемонија за доделување на решенија за стипендии на талентирани ученици и спортисти од осмо и деветто одделение за оваа учебна година.
Настанот започна со прекрасна интерпретација на химната од страна на нашата талентирана ученичка Нела Манческа од 9то одделение. Од нашето училиште со особена чест со стипендии се стекнаа 8 ученици кои на доделувањето присуствуваа заедно со наставник ментор Дивна Карапанчева и наставничката по музичко образование Слаѓана Чекичевиќ, односно учениците Јана Андреевска 8б, Калина Ѓеоргиевска 8б, Александра Димитрова 9а, Нела Манческа 9б, Матеј Сиваков 9б, Антонија Лола Ефремова 8а, Тамара Несторовска 8а, Даријан Мирчевски 9б.
Горди сме на нашите спортисти и талентирани ученици и им посакуваме успешна учебна година на сите ученици, исполнета со нови знаења и успеси!