Препознавање и превенција од насилство во училиштето - ООУ „ВЕРА ЦИРИВИРИ ТРЕНА“
Препознавање и превенција од насилство во училиштето 03 03 2026

Препознавање и превенција од насилство во училиштето

Во месец Декември од страна на стручната служба беа предложени 10 ученици во улога на едукатори на тема ,,Препознавање и превенција од насилство во училиштето”. Стручната служба ги запозна со проектот ,,Промоција на безбедна училишна средина” кој започна да се реализира во 2024 година, активностите кои се реализирани како и за оние кои што ќе следат и ќе бидат реализирани од нивна страна. Се дискутираше за насилство и потребата за навремена реакција. Преку бура на идеи од страна на учениците се дефинираа одредени подрачја за кои тие ќе ги едуцираат нивните соученици. Следуваше работилница на која вклучените 60 ученици беа едуцирани како да ги препознаат предизвиците на врсничкото насилство, начините за справување, симптомите за препознаваље, последиците врз менталниот и социјалниот развој како и институциите на кои можат да се обратат и да побараат совет и помош. Учениците покажаа интерес и задоволство од дискусијата и донесените заклучоци.

Честитки за нашите ученици – едукатори

Дарјан Мирчевски- 9 одд
Владан Стефановиќ- 9 одд
Меланија Симјаноски- 9 одд
Дарија Ева вон дер Форст- 9 одд
Леонид Милошевски
Ивана Атанасова Јаневска- 8 одд
Антонија Лола Ефремова- 8 одд
Калина Симоновска- 8 одд
Донка Китанова- 8 одд
Дани Апостолова- 8 одд

👉 Прва детска амбасада Меѓаши
👉 Coalition of youth organizations SEGA
👉 МЦГО – Македонски центар за граѓанско образование

Вера Циривири Лого 200
Политиката на приватност

Како ги собираме, користиме и заштитуваме вашите лични податоци.
Прочитај повеќе