Нашите џудо медалисти

Нашите џудо медалисти

💪 Силен тим од наши најмлади џудисти на СУПЕРЏУДО Скопје (деца од 6-10 години) на 10. Мај 2026 година учествуваше на „Меѓународниот натпревар во џудо за деца“ во Аминдео, Р. Грција.
Нашите најмлади борци покажаа големо срце, храброст, мотивираност и борбеност натпреварувајќи се со натпреварувачи од Грузија, Арменија, Грција, Турска, Полска и Република Македонија, во исклучително силна конкуренција.
🏆 Од вкупно 20 дечиња натпреварувачи на СУПЕРЏУДО Скопје, освоивме 17 медали.
За многумина од нив, ова беше прв пат да се натпреваруваат – време на огромно возбудување, стрес, но пред сè, непроценливо искуство. За другите, тоа е уште еден вреден тест и чекор напред.
Од ООУ „Вера Циривири Трена“ одличен настап имаа следните деца ученици:
🥇 ЗЛАТНИ МЕДАЛИ
• Теодор Тодоровски (-27кг) 2Б оддел., ОУ Вера Циривири Трена
• Стефан Вељановски (-36кг) 2А оддел., ООУ Вера Циривири Трена

🥈 СРЕБРЕНИ МЕДАЛИ
• Михаил Илиевски (-21кг) 1 Б оддел. ОУ Вера Циривири Трена
• Леон Грезловски (-21кг) 1 Б одд ООУ Вера Циривири Трена

🥉 БРОНЗЕНИ МЕДАЛИ
• Лука Настовски (-24кг) 2А оддел. ОУ Вера Циривири Трена
• Максим Милевски (-30кг) 1А оддел ООУ Вера Циривири Трена

Вера Циривири Лого 200
Политиката на приватност

Како ги собираме, користиме и заштитуваме вашите лични податоци.
Прочитај повеќе