Category Archives: Активности
Продолжуваме со работилниците од родител за родител
Продолжуваме со работилниците од родител за родител. На 22 ноември родителката Соња Китановска- Кимовска сподели искуства, техники и препораки на тема: Пробиј ја шифрата – што се крие зад однесувањето на детето и како да се справам? Пријатната атмосфера и комуникација придонесе кон поддржување на родителите при решавање конкретни предизвици во родителството. Со нетрпение се очекува следната средба.



“Заедно во акција за селектирање ,реупотреба, рециклирање,и компостирање”
Карпош е првата скопска општина во чии рамки функционира Центарот за поддршка на децата со попреченост и нивните родители

Висока делегација на Светска банка предводена од потпретседателката за Европа и Централна Азија, Антонела Басани, директорката за Западен Балкан, Шаочинг Ју, како и директорот за Северна Македонија и Косово, Масимилијано Паолучи, минатата седмица го посетија „Центарот за поддршка на деца со попреченост и нивните семејства – МоПи“. Работните простории на оваа установа се наоѓаат во состав на ООУ „Вера Циривири Трена“ во општина Карпош.
Во рамките на оваа посета беше одржан состанок на кој присуствуваа градоначалникот Стевчо Јакимовски, преставници на Македонското Монтесори здружение кое е лиценциран давател на услугата, родители на деца кои ја користат услугата, како и студенти од Институтот за специјална едукација и рехабилитација, кои го користат Центарот „МоПи“, како научна база за реализација на дел од практичната настава. Во оваа пригода, градоначалникот Јакимовски го истакна своето задоволство што Карпош е единствена општина на територијата на градот Скопје, која обезбедува ваков вид на поддршка за децата со попреченост и нивните семејства. Локалната самоуправа континуирано работи на подобрување на услугите насочени кон оваа ранлива категорија на граѓани, со што се согласија и родителите кои беа присутни на средбата.
Преставниците од Светска банка ја поздравија оваа иницијатива, која се реализира преку Проектот за подобрување на социјалните услуги. Имено, овој Проект го спроведува МТСП во чии рамки беше формиран и „Центарот за поддршка на деца со попреченост и нивните семејства – МоПи“, кој обезбедува индивидуално дизајнирани услуги, според потребите на секое дете а воедно го подобрува и квалитетот на живот на нивните семејства. Оттука, потпретседателката на Светска банка за Европа и Централна Азија, Антонела Басани, ја посочи оваа установа како успешен регионален модел кој треба да послужи како пример за поттикнување и на другите општини, да обезбедат сеопфатна услуга за децата од оваа категорија и за нивните семејства.
Одбележување на денот на лицата со потешкотии
Учениците од нашето училиште секогаш подготвени да помогнат на лицата со потешкотии. Денешниот ден го посветивме ним.
Посета на Саемот на креативни индустрии организиран од страна на Балкан Синема Ситис
На 28 ноември, група ученици од нашето училиште го посети Саемот на креативни индустрии организиран од страна на Балкан Синема Ситис. Со голем интерес и уживање беа проследени работилниците за цртање на стрип, за изработка на терариуми како и работилницата “Биди мал научник’’. Учениците беа анимирани од самите изложу вачи преку презентации и интересни активности.
Награди по повод празникот Св.Климент Охридски
По повод празникот Св.Климент Охридски кој се празнува на 8-ми Декември, Библиотеката "Браќа Миладиновци", објект Другарче, објави литературен конкурс со тема: " Иднината од моите соништа". Како и секоја година така и оваа, учество земаа и ученици од нашето училиште и се закитија со награди.
Прво место(поезија) Марта Караева, 8-б, две втори места за ученичките Ангела Стојаноска од 7-б, и Миа Ромева 8-б исто за поезија, под менторство на проф.м-р Матилда Бајкова, и три трети места (поезија), Леонтина Илиќ 9-а, Илина Милановска 9-а, и Донка Китанова 6-б, ментор Ана Кралевска.
Традиционално на овој настан настапија членовите на Драмската секција "Глумци од утре" од ООУ Вера Циривири -Трена, со различни точки, едночинката "Озборувачки", текст на Татјана Гогова, и ритмичка точка -Винтиџ денс, како и соло музички настап на Нела Манчевска со песна од Александра Јанева"Еве ме пак". Драмската секција е под водство на проф.м-р Матилда Бајкова.
Честитки до сите ученици од нашето училиште и менторите.
Формирање на Новинарски клуб во нашето училиште
Во текот на месец Ноември на апликацијата за формирање Новинарски клуб во училиште се јави и нашето училиште. Со позитниот одговор почна една нова приказна за медиумската култура и писменост на учениците. Проектот е на УСАИД и носи наслов "Младите размислуваат поддржан од IREX, МИМ, МОН И БРО.
Се одржа и дводневна обука за координаторот на Новинарскиот клуб, за техниките, начинот и организација на активностите на истиот. Координатор од нашето училиште е наставникот по македонски јазик и литература, м-р Матилда Бајкова, која и претходно водеше вакви активности.
Кога децата се водат од креативноста и знаењето доаѓа во истовреме. Со среќа на младите новинари!!!
Честитки за Новинарскиот клуб!!!
Посета на Институтот за хемија

Во сабота на 18.11.2023г на Институтот за хемија при Природно-математичкиот факултет во Скопје домаќин на младите креативци од КЦК беше проф. д-р Методија Најдоски. Шеснаесет ученици од основните училишта во нашата општина, од кои десет соученици со наставничката по биологија Дивна Карапанчева од ООУ „Вера Циривири -Трена„, се запознаа со хемијата на гасови преку десетина експерименти кои сами ги изведуваа. Се создаваа ракетчиња, се правеа мешавини, а малку и се разговараше за кислородот, водородот, азотот и неговите оксиди. Се потсетивме каков е составот на воздухот и каква е улогата на гасовите кај живите организми.
Медиумска писменост
📰📻📺 Што работат новинарите и која е нивната улога во општеството? Како се пишува вест? Како се пишуваат медиумски содржини за онлајн медиумите? Како младите да разликуваат професионалните вести од лажни и манипулативни содржини? Што значи да се биде писмен во новата мултимедијална реалност?
✅ Ова беа некои од темите за кои се дискутираше на дводневната обука што се одржа на 10 и 11 ноември 2023 година, а на која присуствуваа 40 наставници од основно и од средно образование кои ќе основаат и ќе водат медиумски клубови во нивните училишта како воннаставна активност за учениците. Обуката ја водеа тројца обучувачи за медиумска писменост – Tamara Kjupeva, @Dragana Gjoreska и Sefer Tahiri, со долгогодишно искуство во областите на образованието, новинарството и медиумската писменост.
ℹ Поддршката на медиумски клубови е обезбедена преку Проектот на УСАИД за медиумска писменост „Младите размислуваат“, а оваа активност ја спроведуваат ИРЕКС, МИМ и МОФ.
Од ООУ "Вера Циривири -Трена", Новинарскиот клуб ќе го координира проф.м-р Матилда Бајкова
Media Literacy Project YouThink USAID North Macedonia Младински образовен форум – МОФ / Youth Educational Forum -YEF
#YouThink #МедиумскаПисменост #MediaLiteracy #медиумскаписменот
Работен состанок во Француската резиденција
На покана на амбасадорот на Француската република Cyrille Baugmanther на02.11.2023 год се реализираше работен состанок и коктел во Француската резиденција.
Како учесници во проектот ,,Заживување на францускиот јазик во Република Македонија" учествувавме на работен состанок со неговата Екселенција Cyrille Baumgartner
на која беше истакнато дека учениците учесници на овој проект ги чекаат многу бенефити од француската Влада меѓу кои е и зголемувањето од 40 проценти на стипендиите.
Состанокот помина во срдечна и пријатна атмосфера. Во иднина, ќе продолжи овој проект со засилено темпо каде што нашето училиште ќе добие електронска табла која е потребна за проширување на знаењата во изучувањето на францускиот јазик.