Monthly Archives: декември 2017

Одбележан денот на Св Климент Охридски

На 4.12.2017 година во просториите на Библиотеката „Браќа Миладиновци“- објект Другарче на свечен начин беше одбележан денот на Св Климент Охридски воедно беа доделени и овогодинешните награди на литературниот конкурс кој беше распишан од библиотеката.Нашата ученичка Марија Антониева од 9-б одд по водство на менторот м-р Матилда Бајкова се закити со престижната награда ГРАНД ПРИ за поезија. Целиот настан беше воден од ученици од Драмската секција од нашето училиште под менторство на проф. м-р Матилда Бајкова.24650937_2019469215009147_1318976355_o 24726444_2019469331675802_86691338_o 24739937_2019468925009176_1596442882_o 24818903_2019469431675792_1552656659_o 24819163_2019469488342453_1091609055_o 24826028_2019469278342474_582000393_o 24882793_2019469375009131_676499512_o

Декупаж работилница и изработка на честитки

Во четврток от на 30.12.2017, во нашето училиште се реализираше работилница за изработка на честитки и декупаж работилница со ученици од 6-то и 9-б одд.

Повод е двоен, подароци за екипата на Голем одмор во МРТВ и како дел од Новогодишната базар работилница.Се забавуваме, пеевме Јаков Ангелов од 9-то б ни свиреше. Работилница та ја организираше, водеше и спроведе предметниот наставник м-р Матилда Бајкова, проф. По македонски јазик.

24463309_10156040666159602_1749689722_o 24463417_10156040667329602_972669508_o 24474571_10156040666259602_886065353_o 24474813_10156040667074602_915229458_o 24623609_10156040666349602_1104152861_o

44 – те Караманови средби во Радовиш

На 02.12.2017година, во саботата три ученички од 6-то б одделение со нивната наставничка м-р Матилда Бајкова беа поканети и присуствуваа на поетска работилница, со словенечкиот детски писател Мојца Андреј и со кантавторот и поет Петер Андреј кои заедно музицираа и кажуваа свои стихови. Поетската работилница се одржа по повод 44-те Караманови средби во Радовиш. Јана, Луна, Мила и нивната наставничка беа единствените претставници од Скопје.

24474579_10156040644749602_606704153_o 24623597_10156040644884602_1901133912_o 24623665_10156040644254602_312012918_o 24651022_10156040646124602_926539676_o 24726108_10156040646514602_316123804_o