Category Archives: Активности

Учиме биологија – квадратна рамка

Денес учениците од IX одд заедно со наставничката Дивна Карапанчева , на часот по биологија го искористија сончевиот ден  за истражување на живиот свет во нашата  животна средина со одредување  на точниот број на живите организми.  За таа цел учениците користеа   самостојно изработена  квадратна рамка.

сл1 сл2 сл3 сл4

Апел за хуманитарна помош

 

ЖИРО СМЕТКА ЗА ПРИБИРАЊЕ ПАРИЧНИ СРЕДСТВА ЗА НАСТРАДАНИТЕ ВО ЗЕМЈОТРЕСИТЕ ВО ТУРЦИЈА И СИРИЈА

Посета на природонаучниот музеј

Учениците од 8б одд денес го  посетија природонаучниот музеј со цел да изработаат кроки-брз цртеж од изложените артефакти и воедно научивме што е кустос биолог и препаратор. Благодарност до природонаучен музеј и Дарко Базерко.

сл2 сл3 сл4 сл5 сл6

Одбележување на 151 година од раѓањето на Гоце Делчев

По повод 151 година од раѓањето на Гоце Делчев, нашиот учител, визионер, организатор на револуционерното движење на македонскиот народ, учениците од 6 и 8 одделение реализираа работилници, изработувајќи постери со богата содржина за животот и делото на Гоце Делчев.

сл1 сл2 сл3 сл5 сл6 сл7

Соработка со Полициската  станица – Карпош

Стручните лица од Полициската  станица – Карпош, го прифатија повикот за соработка на Клубот за превенција од насилство на нашето училиште. На 26 и 27.01 се сретнаа и дискутираа со учениците од 8 и 9 одделение. Тема на дискусијата беше насилство, со посебен осврт на казнените одредби за предизвикувачите и сторителите на насилство. Учениците покажаа особен интерес и активно учествуваа во дискусијата.

сл1 сл2 сл3 сл4 сл5

Вредни деца награди нижат

На меѓународната изложба за деца и младинци ,,Флора и фауна-извор на живот и убавина 2022

-Јована Јанкуловска од VIIIa одделение освои прво место а Андреа Пешевска VIIIa одд. освои второ  место. Нивните  дела може да се видат во каталог.

sl1 sl2 sl3

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

На меѓународната изложба за деца и младинци ,,Творење и креирање на дела од отпад од пакување-2022 нашите ученици Миа Ромева VIIa, Калина Добреска VIIб, и Елена Спировска VIб, се закитија со дипломи за учество, а нивните дела зборуваат за заштита на околината и добро однесување кон нашата планета.

sl4 sl5 sl6

 

Светскиот ден на Човековите права

По повод Светскиот ден на Човековите права, учениците од 7-а со класниот раководител м-р Матилда Бајкова изработија хамер Постер. Низ податоците кои ги поставија на постерот учеа, научија, дискутира за Човековите права и околу луѓето кои во светот гласно зборуваат за Човековите права. 10.12 е денот кој го славиме и Гласно зборуваме за човечки права.
sl1 sl2 sl3

Светски ден на штедењето

Посета на нашите вторачиња од страна  Стопанска Банка, по повод месецот на штедењето – 27.10.2022

sl1 sl2 sl3 sl4

Одбележување на 8-ми Декември,Св.Климент Охридски

По повод утрешниот празник 8-ми Декември,Св.Климент Охридски, учениците во нашето училиште ООУ "Вера Циривири-Трена", твореа,рецитираа и подготвија презентации. Поголемите другарчиња со пригодно подготвена приредба говореа за важноста на делото на Св.Климент Охридски, следбеникот на Браќата Кирил и Методиј. Продолжувачот на нивното дело, патрон на градот Охрид, и Епископ Велички. Рецитираа стихови од Славко Јаневски "Климент". Ја слушаа химната посветена на Св.Климент! Во рамките на приредбата во холот имаше и изложба на цртежи инспирирани од ликот и делото на Св.Климент Охридски." Приредбата ја подготви предметниот наставник по македонски јазик и литература, м-р Матилда Бајкова, Изложбата ја подготви предметниот наставник по ликовно воспитување, Даниела Илиева Стојчева.

сл1 сл2 сл3 сл4 сл5 сл6 сл7

Честит празник!!!

Учество на “Цветно дефиле “

По повод 46 години од постоење на Општина Карпош  се одржа "Цветно дефиле "
Нашето училиште учествуваше на свечената манифестација со настап на ученичката Емили  Кочан 

слл2 слл3 слл4 слл5