Category Archives: Активности
Министерката Царовска во посета на нашето училиште

Градоначалникот Стефан Богоев и министерката за образование и наука Мила Царовска беа во посета на ООУ "Вера Циривири – Трена" од каде ја промовираа новата услуга за упис на првачиња по електронски пат. Со пофални зборови се говореше за еко – училницата во училиштето и новата која што е во изградба.
Градиме пристапни училишта за ученици со аутизам
По повод одбележување на Неделата за подигнување на свесноста за аутизам на тема,, Градиме пристапни училишта за ученици со аутизам" вработените и учениците во ООУ ,,Вера Циривири – Трена" го изработија симболот на бесконечност и изработија брошура со слики и пораки со цел заеднички да изградиме училишта пристапни за учениците со аутизам.
#OURCZlatanSremec #Autismfriendlyschools #oouveraciriviritrena
Хуманитарна акција – „Да му помогнеме на семејството Николови повторно да го изгради својот дом“
Почитувани,
Утрото на 1 јануари 2021 година, во пожар кој изби на ул. Ругер Бошковиќ во Скопје, целосно е уништен семејниот дом на семејството Николови.
Поттикнати од трагедијата која ненадејно и за миг им одзема сé што поседуваа членовите на семејството, ние, нивните соседи, Советот на родители, вработените во ООУ "Вера Циривири Трена", сите како дел од Општина Карпош, се организиравме преку хуманитарна акција за да помогнеме во реконструкција на нивниот семеен дом.
По тој повод отворивме хуманитарна сметка, каде што преку донација можеме финансиски да им помогнеме. Секој доброволен прилог, без разлика на висината на средствата е значаен за нив.
Да ја покажеме нашата хуманост и сите заедно да му помогнеме на семејството Николови повторно да го изгради својот дом.
Однапред, Ви благодариме за донацијата!
УНИ Банка
Број на сметка:
240057114585549
Носител на сметка: Рената Николова
https://www.facebook.com/295212381705/posts/10157274908206706/
Извештај од учество во ЦКА-ПХВ програма на Црвениот крст

„Црвен крст во акција – Промоција на хумани вредности“ е програма на Црвениот крст на Р.Северна Македонија чија цел е промовирање на мирот, толеранцијата, соживотот и помагањето во заедницата во која живееме и привлекување на нови млади волонтери во организацијата на Црвениот крст. Програмата е наменета за учениците на возраст од 13 до 17 години кои имаат желба за прв пат да се вклучат во активностите на Црвениот крст. Со самото вклучување тие имаат задача во мали групи од по 5 ученици да изработат проект за помош во зедницата.
Како и минатата година, така и оваа 2020 година, ООУ „Вера Циривири Трена“ активно ќе се вклучи во оваа програма. Во текот на месец февруари 2020 година преку училишниот клуб на Црвениот крст во училиштето и соработка на стручната служба и одговорните наставници со ЦКРСМ-ОО Карпош беа пратени 8 ученици да учествуваат на трите работилници за обука за изработка на мали проекти за помош во заедницата. По обуките учениците ќе имаат за задача да изработат проект во период од два месеци.
Учениците беа задоволни од учеството во работилниците и во наредниов период ќе се подготвуваат за активностите што ги имаат предвидено со нивната идеја за изработка на проект.
Извештај од посета на Противпожарна станица Тафталиџе
На ден 19 февруари 2020 година во организација на Црвениот крст на РСМ – Општинската организација Карпош, учениците членови на училишниот клуб на Црвен крст при ООУ „Вера Циривири Трена“ Скопје, ја посетија противпожарната станица Тафталиџе.
Целта на посетата беше учениците да се запознаат со секојдневната работа на пожарникарите, нивната опрема, причините за настанувањето на пожари, последиците од пожарите и заштитата и превенцијата од пожари. За време на посетата пожарникарите демонстрираа употреба на опремата, а исто така учениците имаа можност да пробаат да ја користат. На крајот од посетата следеше фотографирање со облекување на пожарникарска униформа.
На оваа активност учествуваа 30 ученици од четврто до деветто одделение од ООУ „Вера Циривири Трена“ заедно со ученици од ООУ „Ѓорче Петров“, ПСУ „Максимилијан“ и волонтерите од Клубот на млади на ЦКРСМ-ОО Карпош.
Унапредување на здравјето

На денешниот прекрасен есенски ден – 26.11.2019, група на ученици од ООУ “Димо Хаџи – Димов” заедно со нивната наставничка Благородна Спировска го посетија нашето училиште со цел одржување на предавање по предметот Унапредување на здравјето. Тие одржаа предавања како дел од врсничка едукација со тема Алкохолизам пред нашите ученици од деветто одделение кои пријатно ги дочекаа своите врсници заедно со наставничките Дивна Карапанчева и Гордана Ѓоргиевска. По успешната презентација, наставничката по Биологија од нашето училиште Дивна Карапанчева ги отвори вратите на ново изградената стаклена градина во школскиот двор која е всушност еден од многуте успешни проекти на нашето училиште. Учениците имаа можност да ја посетат градината и да се запознаат со истражувачката работа на Биолошката секција при нашето училиште.
Отворена сензорна соба во нашето училиште
Сензорна соба за учениците со попреченост и во основното училиште „Вера Циривири – Трена“, во Карпош . Просторијата е опремена со дидактички материјали, реквизити и осветлување кое има смирувачко дејство врз учениците и овозможува полесно нивно вклучување во воспитно – образовниот процес секој ученик да има еднакв шанси!
Јакнење демократска клима -Сите сме исти
Во нашето училиште на демократската клима се обрнува големо внимание со меѓусебна соработка на сите структури и има висок степен на демократија изразена преку многубројни реализирани проекти во соработка со БРО и Мон , Општина и други институции. Со таа цел на 31.10.2019г во нашето училиште се одржа отворен ден согласно новиот концепт по граѓанско обазование.