Category Archives: Активности
Предизвик за млади истражувачи
Нашите ученици под лидерство на наставничката Дивна Карапанчева и менторство на наставничката Валентина Пешевска присуствуваа на прогласувањето на најуспешните училишта од “Предизвикот за млади истражувачи” организиран од Фонд за иновации и технолошки развој. Настанот се одржа на 9.6.2018 година во Владата на Република Македонија. Претсетаделот на Владата на Република Македонија заедно со министрите за образование и здравство и директорот на Фондот за иновации и технолошки развој ни доделија вредносен ваучер за истражувачкиот проект “Стаклена градина” во вредност од 263.000 денари, потребни за изградба на стаклената градина.
Учество на Јуниорска македонска математичка олимпијада
На ден 2.06.2018 г. на Машинскиот Факултет Скопје од страна на Сојузот на математичари беше реализирана Јуниорска македонска математичка олимпијада на кој учество земаа учениците од нашето училиште . Чест и задоволство е да се биде дел од најдобрите шеесетина ученици од цела Македонија . Нашето училиште го претставија ученичките Теодора Пандова VIII одделение и Ивона Зикова VII одделение .
Резултатите кои беа постигнати се :
Ивона Зикова VII одделение пофалница
Теодора Пандова VIII одделение учество .
Успешни и по натпреварите по географија
Да кажеме и збор два за овогодинашниве натпревари по географија, и оваа година сме закитени со неколку награди.
Спој на креативност и антика
Кон врвот заедно можеме се – ова беше мотото на нашиот 55-ти патронен празник на нашето училиште на кој добивме Прва награда за заедничка изработка – ликовна творба- Паун- инспирирана од мозаиците на нашите антички градови, за кои учевме на изборниот предмет- нашата татковина. Изработиле Марија А. Јаневска- 9-б и ментор наставник Л. Ѓоргоска
Изложбен центар Матка

На 30.05.2018 учениците од ООУ'Вера Циривири – Трена" од вторите и третите одделенија беа на посета во Изложбениот центар Матка Во него учениците преку современи интерактивни методи научија повеќе за енергијата, нејзината историја, производство, пренос и користење. Едукативните содржини се поставени во историскиот објект на старата хидроцентрала Матка, каде што учениците имаат уникатна можност одблиску да видат енергетски објект стар 80 години кој сеуште може да биде во функција.
Учиме за Европска Унија
На ден 22.05.2018 година по предходен договор и во соработка со Jana PETROVSKA – Senior Events and Campaigns Manager учениците од V a одделение од ООУ ,,Вера Циривири – Трена “ остварија посета на ЕУ ИНФО ЦЕНТАР каде ја проследија презентацијата со клучните елементи на ЕУ,се запознаа со начинот на функционирање на ЕУ,институциите,значајните личности за ЕУ,личностите кои моментално се на главни функции во ЕУ,придобивките на земјите членки во ВУ,кои се нашите стратегии за влез во унијата итн.Н тој начин учениците ги дополнија и проширија своите знаења за ЕУ.Добија и пригодни подароци а на крајот беше организиран и квиз на знаења во кој победникот доби дополнителни подароци.
Интегрирано учиме за Јужна Америка, мапа и азимут
Интегриран час меѓу географија и математика
На 25.04 2018 се реализираше интегриран час со меѓупредметна соработка со повеќе наставни содржини од овие два предмета вклопени во едно.Пред картата на Јужна Америка имавме едно замислено патување, каде учениците точно се ориентираа за кои дестинации треба да патуваме и ги одбележуваа. Умееа да ги препознаат карактеристиките на одредени географски објекти и да ги опишат.
Се потсетивме како пресметува размер на карта.А потоа меревме азимут меѓу одредени географски објекти. Еве еден убав момент каде во 9-б учениците стекнаа трајни и применливи знаења за понатамошни животни предизвици.
Музејот пријател на Циривирци
Веќе 5 година пријателството со Музејот на македонската борба продолжува. И оваа
година дружбата се оствари преку образовна и креативна работилница. Поточно, на
почетокот се направи осврт на изложбената музејска поставка проследена со визуелно
музичко искуство, служејќи како инспирација на учениците за успешно креативно
изразување во работилниците за ликовно и литературно творештво како и преку квиз.
Пријатели на музејот оваа година беа 8 одделенците, предводени од Танка Спасовска,
Ана Кралевска, Лилјана Ружиновска и Наташа Јовковска.
Ви благодариме на пријателството Ана Вишинова и Даниела Митевска – музејски
едукатори!
Пријателството продолжува!
КЦК-центар за храна

Оваа година повторно креативците од КЦК од Центарот за храна, Младите биолози при ООУ “Вера Циривири-Трена” стапија во акција. Пластеникот беше уреден, најлонот беше послан, а расадите од градинарските култури засадени.
Оваа сезона се пристапи со засадување на полудневни култури, вклучувајќи зелка, карфиол, краставица, тиквички и брокула, за кои ќе се главно грижат учениците од биолошката секција од училиштето. По крајот на сезоната кретивците ќе работат на лабораториски анализи со цел да се утврди квалитетот и составот на нивните култури, како и секако дегустација на плодовите.
Засадени садници
Елколект – компанија со дозвола за постапување со отпадна електрична и електронска опрема во нашето училиште ООУ "Вера Циривири – Трена" донираше 5 садници од растението ТУЈА СМАРАГД. Истите беа засадени од страна на ученици од училиштето и претставници од Елколект и Општина Карпош. Целта на активноста е подигање на свеста кај учениците за грижа и негување на природата.