Monthly Archives: април 2018

Интегрирано учиме за Јужна Америка, мапа и азимут

Интегриран час меѓу географија и математика

На 25.04 2018 се реализираше интегриран час со меѓупредметна соработка со повеќе наставни содржини од овие два предмета вклопени во едно.Пред картата на Јужна Америка имавме едно замислено патување, каде учениците точно се ориентираа за кои дестинации треба да патуваме и ги одбележуваа. Умееа да ги препознаат карактеристиките на одредени географски објекти и да ги опишат.

Се потсетивме како пресметува размер на карта.А потоа  меревме азимут меѓу одредени географски објекти. Еве еден убав момент каде во 9-б учениците стекнаа трајни и применливи знаења за понатамошни животни предизвици.

integr6 integ4integr5 integ3integ 1inreg2inergr7inegr8

Музејот пријател на Циривирци

Веќе 5 година пријателството со Музејот на македонската борба продолжува. И оваа
година дружбата се оствари преку образовна и креативна работилница. Поточно, на
почетокот се направи осврт на изложбената музејска поставка проследена со визуелно
музичко искуство, служејќи како инспирација на учениците за успешно креативно
изразување во работилниците за ликовно и литературно творештво како и преку квиз.
Пријатели на музејот оваа година беа 8 одделенците, предводени од Танка Спасовска,
Ана Кралевска, Лилјана Ружиновска и Наташа Јовковска.
Ви благодариме на пријателството Ана Вишинова и Даниела Митевска – музејски
едукатори!

Пријателството продолжува!

1 1del 3del 4del 5del 7del 8del 9del

КЦК-центар за храна

Оваа година повторно креативците од КЦК од Центарот за храна, Младите биолози при ООУ “Вера Циривири-Трена” стапија во акција. Пластеникот беше уреден, најлонот беше послан, а расадите од градинарските култури засадени. 
Оваа сезона се пристапи со засадување на полудневни култури, вклучувајќи зелка, карфиол, краставица, тиквички и брокула, за кои ќе се главно грижат учениците од биолошката секција од училиштето. По крајот на сезоната кретивците ќе работат на лабораториски анализи со цел да се утврди квалитетот и составот на нивните култури, како и секако дегустација на плодовите.IMG-772523ac5f43b823cc821ba511713a90-V IMG-8791085107e88e8cd1b0da9d2bbff4f7-V IMG-d2911a7f0a241f05e0ff0dec085aa05a-V IMG-4771fdb7b8fb2d3dac7cb1edde021f6d-V IMG-1c33ff597ec6af3aae7cd6c1e5d3319c-V

 

Засадени садници

Елколект – компанија со дозвола за постапување со отпадна електрична и електронска опрема во нашето училиште ООУ "Вера Циривири – Трена" донираше 5 садници од растението ТУЈА СМАРАГД. Истите беа засадени од страна на ученици од училиштето и претставници од Елколект и Општина Карпош. Целта на активноста е  подигање на свеста кај учениците за грижа и негување на природата.IMG-b8e49f1e26df74af784f19228b323d55-V IMG-0c09b15c30496c874b9fc7c7c0dd7092-V IMG-5d29dbed872847d960ed76b4540078c9-V IMG-a40ec9e9ba1407deb6a70e6b2e9f63e3-V

Нашите ученици на регионален натпревар по математика

 На  ден 31.03.2018 г. Беше реализиран регионален натпревар по математика на кој учество земаа учениците од  IV–IX  одделение.

Целта  на натпреварот беше за се развие љубовта кон математиката како и откривање на ученици кои имаат развиен талент кон математиката, развивање на натпреварувачки дух меѓу учениците . На истиот беа постигнати завидни резултати и тоа :

Постигнати резултати :

 IV одделение:

Мартин Ацевски      III  награда

VIIа одделение:

Ива Мојтиќ        I    награда

VII б одделение:

Ивона Зикова               I  награда

Стефанија Јовческа    II  награда

 Ивана Димиртова      II  награда

  VIIIа одделение:

  Теодора Пандова         II  награда

IX а одделение:

Ема Мишевска     III  награда

                                      

 

Еко маскембал

Под менторство на наставниците Ана Видоевска – Динева, Јасмина Маџаревска, Лилјана Ружиновска и Анита Петровска учениците од ООУ„Вера Циривири – Трена“ земаа учество на „ЕКО МАСКЕНБАЛ“ организиран од страна на Општина Карпош кој се одржа во ООУ „Јан Амос Коменски“.

На маскенбалот  беа доделени вкупно 5 награди. Од нив ученикот Андон Ангелов од IIIб одделение освои 3 награда за маската „ЕКО ЦВЕТ“.IMG-c24d6b80b565a2611ad5ad85c6dba3bf-VIMG-5fb23376be3e652a65415a5add5df22d-V IMG-2e8f14a63c1e6c78ebb75228ca92674b-V IMG-619073aa986aa985e8881e5564422fa8-V

Да ги заштитиме децата во сообраќајот

Во соработка со одделот за превенција при СВР – Скопје, во нашето училиште се одржа предавање за сообраќајно воспитание од страна на самостоен инспектор Драган Велјановски на тема „Да ги заштитиме децата во сообраќајот“.

На предавањето беа присутни учениците од второ и четврто одделение, на кои им се појасни за правилата во сообраќајот, начинот на однесување и учество на децата во сообраќајот, сообраќајните знаци и за различни ситуации од секојдневното учество во сообраќајот.viber image viber image3 viber image4jpg viber image4jpg

Духот на неолитот во Тумба Маџари

Програма ВИДОВ, СЛУШНАВ, НАУЧИВ

 

Духот на неолитот во Тумба Маџари

 

Нашето училиште во соработка со Креативниот центар Карпош – Центар за културно наследство, реализираше посета од училишната програма „Видов, слушнав научив“ која има за цел не само учениците да добијат информација за нашето минато, туку пред сѐ и да ги вклучат сите сетила во стекнување на целокупно опипливо знаење (оттаму насловот Видов, слушнав, научив).

Затоа петокот 13-ти за нас не беше баксузен, напротив, ние, главните актери на оваа археолошка авантура, предводени од наставниците Лилјана Ружиновска, Танка Спасовска и Наташа Јовковска, го искористивме топлиот сончев ден и вооружени со љубопитство тргнавме правец –неолитската населба Тумба Маџари.

Што видовме таму?

Не пречекаа кустосите од Археолошки музеј предводени од Елена Канзурова, тие ни ја отворија портата на еден сосема различен скриен свет, светот на нашите неолитски предци.

Секоја фотографија од овој ден делумно ја доловува убавината што ја доживеавме таму…но ова е само почеток, планираме да оствариме работилници инспирирани од тој необичен неолитски свет кој го осетивме таму, затоа останете поврзани со нас! Следете не!

123124 4213421 242354353

Да живее уметноста, да живее мултикултурализмот!

1 2 4

МИО (Меѓуетничка интеграција во образованието) како предизвик и надвор од Македонија

 

После одредена пауза ООУ „Вера Циривири – Трена“ го освежи долгогодишното пријателство со ОУ „Петефи Шандор“ од Нови Сад, притоа искористувајќи ја ентузијастички поканата за учество на нашето училиште на ликовната колонија „ Дедал и Икар“. На оваа културна манифестација која ги собра ликовните уметници, ликовните педагози и талентираните ученици покрај учеството на нашето училиште (единствено од Македонија) учество земаа училишта од Хрватска, Словенија, Унгарија и се разбира Србија. На оваа колонија која се одржа од 20-ти до 22-ри октомври, клучно беше не само да се земе учество, но и воедно да се остварат нови познанства со училиштата од регионот, да се разменат искуства и идеи, да се живее идејата за мултикултурализам или МИО надвор од македонските граници. Покрај срдечното  и топло добредојде, да бидеме искрени беше воочено како училиштата од Македонија се често отсутни од било какви манифестации кои се случуваат во регионот, затоа нашето присуство таму беше повеќе од „само“ учество. Нови пријателства, евоцирање спомени со нашите збратимени колеги од „Петефи Шандор“, едноставно кажано беше остварено регионално вмрежување со размена на нови идеи и желби за заеднички работилници и проекти. Но сепак јаготката на шлагот не беше само извонредната организираност на работилницата за популаризација на графиката, туку и изработката на графиката на нашата талентирана ученичка Елена Попоска под менторство на наставникот Лилјана Ружиновска, на тема Ритам.