Category Archives: Активности
Учество на 56. Детски Рацинови средби
,,Да му го земеш јазикот на еден народ – тоа значи да му ја земеш душата" – Кочо Рацин
Ова е темата на литературниот конкурс на 56. Детски Рацинови средби каде Донка Китанова од 6б одд., под менторство на Ана Кралевска, ја освои третата награда. Браво Донка!
Соработката продолжува со Педагошки факултет”Св. Климент Охридски”
На 06.11.2023 година, ООУ"Вера Циривири Трена" потпиша Меморандум за соработка со Педагошки факултет"Св. Климент Охридски" – Скопје.
Втора награда на манифестацијата “Карпош има талент”
Нашите ученици Јована Јанкулоска и Нела Манческа, добитнички на втора награда на манифестацијата "Карпош има талент"
“Разбуди го родителот во себе”
Во нашето училиште на големо задоволство беше одржана првата од серија работилници “Разбуди го родителот во себе” од Соња Китановска- Кимовска. Родителката испрати пораки, од родител кон родители, како да учиме едни од други. Се споделија лични искуства, техники и препораки за решавање предизвици во родителството.
Прием на првачиња
Со насмеани детски лица, среќни родители, весели наставници го одбележавме првиот училишен ден на првачињата во ООУ,,Вера Циривири – Трена”. Посакуваме детскиот џагор, насмевките и другарувањата да царуваат во текот на учебната 2023- 2024 година.
Соопштение
СООПШТЕНИE
Почитувани родители,
На 01.09.2023г. (петок) во чест на нашите првачиња ќе се организира свечен прием со почеток од 08:30 часот.
По свеченоста сите првачиња ќе го имаат првиот час со своите наставници.
СРЕЌЕН ПОЧЕТОК ПРВАЧИЊА!!!
СТРУЧЕН ТИМ НА
ООУ „ВЕРА ЦИРИВИРИ – ТРЕНА“ – СКОПЈЕ
КОНТАКТ ТЕЛЕФОН : 02 3068-507
Државен натпревар по математика
На ден 14.05.2023 г. Беше реализиран државен натпревар по математика на кој учество земаа учениците од VI–IX одделение. Целта на натпреварот беше за се развие љубовта кон математиката како и откривање на ученици кои имаат развиен талент кон математиката, развивање на натпреварувачки дух меѓу учениците . На истиот беа постигнати завидни резултати и тоа : Постигнати резултати :
VI а одделение: Александра Димитрова II награда
VI б одделение: Матеј Сиваков I награда Ментор
наставник : Гордана Ѓорѓиевска, Јасмина Сретеноска
Државен натпревар по Биологија
Учениците од ООУ “Вера Циривири – Трена” на 20 мај 2023 година, под менторство на наставничката по Биологија и Природни науки Дивна Карапанчева земаа успешно учество на натпреварот по Биологија за учебната 2022/23 година на државно ниво. Натпреварот беше организиран со физичко присуство на Природно – математичкиот факултет во Скопје. Нашето училиште се гордее со резултатите на учениците. Учениците го завршија државниот натпревар со следните успеси:
9 одделение:
– Јасна Богдановска – II награда
8 одделение:
– Ема Маневска – I награда
– Андреј Гацоски – II награда
– Марија Мирческа – III награда
– Јана Ѓорѓијевска – Пофалница
– Матеа Секулоска – Учество