Category Archives: Активности

Одбележување на 2 Декември, Светскиот ден на лицата со посебни потреби

По повод 2 Декември, Светскиот ден на лицата со посебни потреби учениците од 7-а со класниот раководител, изработија хамер Постер за да го одбележиме овој Светски ден! Различностите се убавината на живеење! Животот е убав!

сл1 сл2 сл3

Награди се нижат

Горди на нашите ученици кои добија награди.
Калина Добреска7-а, Марта Караева -7-б Прва награда, Ана Ѓуровска7-б 2 награда.
Благодарност до Драмската секција, која традиционално подготвува пригодна приредба за наградените ученици.

sl1 sl2 sl3 sl4 sl5 sl6

Посета на општина Карпош

Градоначалникот пред вистински предизвик 🙂, да одговори на прашањата од умните глави на четвртоодделенците од ООУ,,Вера Циривири- Трена”

sl1 sl2 sl3 sl4

Го разубавуваме училишниот простор.

Го разубавуваме училишниот простор.Учениците од 3а одделение со свој придонес ја разубавуваат училишната градина со есенски цветни насади .

сл6 сл7 сл8 сл9 сл10

Одбележување на Меѓународнот ден на толеранција

Учениците од 3 а по повод Меѓународнот ден на толеранција – 16 ноември, учествуваа во работилница посветена на толерантноста. Разговараа што е толерантност и заеднички изработија плакат: ДА БИДЕМЕ ТОЛЕРАНТНИ ВО ОДНЕСУВАЊЕ КОН СЕКОЈ И СИТЕ !

сл2 сл3 сл4

Голем успех во традиционално карате

Голем успех на нашиот ученик од 2а одд., Војдан Паламидовски кој освои сребрен и бронзен медал во традиционално карате на 21. ИТКФ светскиот куп, кој се одржа на 11, 12 и 13 Ноември 2022, во спортската сала Кале во Скопје. Честитки, Војдан! 👏

sk1

МИО соработка со ОУ” Јахја Кемал”

Со цел продлабочување на мултиетничката интеграција во образованието и подигање на свеста за позитивни страни на мултикултурната кохезија, денес на 20.10.2022 година нашето училиште потпиша меморандум за соработка со ОУ” Јахја Кемал”. Согласно МИО реализирани се спортски игри под мото: Подај рака! При тоа учениците спортуваа, взаемно се бодреа, разменуваа искуства, се дружеа и играа. Преку спортскиот дух се изградија нови пријателства. Спортските игри изминаа во ведра, весела и спортска атмосфера со договор за наредни заеднички активности.

сл1 сл2 сл3 сл4 сл5 сл6 сл7 сл8 сл9 сл10 сл11 сл12

Присуство на филмскиот фестивал, Џифони

Од 6-10 октомври 2022 се оддржа десеттото издание на филмскиот фестивал, Џифони Македонија.

На филмските проекциии, присуствуваа неколку ученици од VI a и VI б одделение, заедно со наставничката Кристина Николовска-Велковска. По гледање на филмовите, учесниците се вклучија во дискусија за истите, како што и развиваа креативни вештини во ликовните и мјузикл работилници.

сл1 сл2

Одбележување на 11 Октомври

11 Октомври, Денот на народното востание на македонскиот народ, нашите ученици и наставници го одбележаа преку организирање на презентации, работилници, литературно и ликовно творење. Нивните прекрасни изработки станаа дел од училниците и внатрешниот простор на училиштето.

сл2 сл3 сл4 сл5 сл6

Одбележување  на Неделата за борба против шеќерната болест

Со цел одбележување  на Неделата за борба против шеќерната болест ( 10.10. 2022- 16.10.2022), нашите наставници и ученици организираа презентации и други активности за подигнување на свеста и раната превенција на шеќерната болест. Учениците се запознаа со тоа што претставува оваа болест и како со добра исхрана, зголемена физичка активност и здрави навики можеме да ја спречиме.

sl1 sl2 sl3 sl4 sl5