Category Archives: Активности

Посета на подвижна училница „Живот на социјалните медиуми“

Минатата недела, на 16.10.2019, учениците од деветите одделенија од нашето училиште заедно со наставниците Маја Кузманоска и Танка Спасовска, присуствуваа на подвижна училница насловена „Живот на социјалните медиуми“. Работилницата е резултат на меѓународна соработка на македонската и италијанската полиција со посредство на меѓународниот детски и младински филмски фестивал Џифони. 

Пред почетокот на предавањето, воведна реч имаше г-ѓа Катерина Стојкова, Инспектор од Оддел за превенција во СВР Скопје. На училницта експертите од италијанската полиција  ги оркрија тајните за безбедно користење на интернетот:

  • домашно банкарство и пазарење преку интернет,
  • кражба на идентитет и безбедно користење на социјалните мрежи,
  • безбедност на малолетните корисници и превенција на злоупотреби насочени кон деца.maja1 maja2 maja3

Учество на меѓународниот филмски фестивал за деца и младинци „Џифони Македонија “

а меѓународниот филмски фестивал за деца и млади *Џифони Македонија*, кој оваа година  се одржa
по седми пат, учествуваа наши ученици од VII-IX одделение во улога на жири комисија.

 

Петдневната програма содржеше богата филмска понуда, креативни работилници, мастер класови, изложби, концерти и низа други креативни и едукативни активности во кои нашите ученици активно се вклучија.

Богатите впечатоци и неверојатното искуство што учениците го добија, ќе бидат непресушна инспирација да се продолжи успешно да се следат и негуваат вредностите промовирани од семејството на Џифони.

сл џ2слика џифони1

Прием на првачиња во Детска организација

По повод свечениот прием на првачињата на ден 10.10.2019 година, во Детската организација, во нашето училиште ООУ „Вера Циривири-Трена' се одржа свечена програма. Беа изведени хорски песни, сплет од народни песни, рецитал и драматизација, изведба на коviber_image_2019-10-10_13-11-42 viber_image_2019-10-10_13-11-59 viber_image_2019-10-10_13-12-20 viber_image_2019-10-10_13-12-30 viber_image_2019-10-10_13-12-35 viber_image_2019-10-10_13-12-40 viber_image_2019-10-10_13-12-51 viber_image_2019-10-10_13-13-08мпозиции на пијано и балет.

 

Известување

 

Се известуваат сите ученици на ООУ „ Вера Циривири -Трена “ Скопје дека наставата на 3.09.2019г. ќе  се реализира по седниов распоред за учениците од II од IX одд наставата  започне во 8:00

                за учениците од  I одд свечен прием од 8:30

                  Исхрана за учениците во продолжен престој  од I   до  V од 5.09.2019г.

 

Учениците од ООУ “Вера Циривири- Трена” по трет пат учесници на квизот “МОСТ МАТЕМАТИКЕ”во Врњачка Бања

Учениците од ООУ “Вера Циривири- Трена” по трет пат беа учесници на Шестата меѓународна културно-научна манифестација „МОСТ НА МАТЕМАТИКАТА“, која се одржа од 17-20 мај 2019 година во Врњачка Бања, Република Србија. 

На меѓудржавниот натпреварот кој беше одржан во рамките на манифестацијата учениците Изабела Црња од VI одд., Анастасија Ставреска од VII одд., Софија Илиевска од VIII одд. и Елена Клинчарова од IX одд. го освоија третото место. Тие, заедно со својот ментор, м-р Јасмина Сретеноска, имаа можност да го презентираат изработениот проект на тема “САТ” ("ЧАСОВНИК") и да учествуваат со изработена макета која го привлече вниманието на присутните.

Покрај учеството на квизот, учениците имаа можност да ја проследат програмата богата со предавања, трибини, работилници и презентации од останатите учесници.

Тимот се врати во Република Македонија задоволен и побогат со нови искуства и пријателства.

Во посета на ЕУ

Учениците од Va и Vб одделение беа во посета на Секретаријатот за европски прашања. Разговараа и подетално се запознаа со Европската унија, односно ги проширија своите знаења стекнати по предметот Општество.

IMG-2a55eb3e3011022a6fe637504dd3315a-V IMG-ee01c5a8d4cc775b3b3e56abf2f61c58-V IMG-4c072de47c3d71efb2f4b548a1c491ca-V IMG-1a0d8ad8f9bfb4fd10b668b9e7ff2e00-V IMG-5f981ad11775a8433d41172a9f982d06-V

Учење преку истражување со употреба на MICRO:BIT

MICRO:BIT-Регулатор на наводнување

Учениците заедно со наставниците планираат , истражуваат , реализираат проект .

Истражување ( ќе истражуваме поповолни/најдобри услови за најефикасно/најбрзо растење и развивање на растенијата,за добивање на квалитетен род; ќе истражиме како точно да ги поврземе инструментите и да ја ускладиме нивната работа со програмот MICRO:BIT за автоматизирано наводнување на растенијата  во пластеникот)

Фаза на засадување

s2 s3 s4 s5 s6

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Програмирање на програма за регулирање на влажност и проба за нејзината функционалност во пракса .

s1s9 s7 s10 s8

 

 

Дисиминација -Училишта на 21-от век

На 11.04.2019година во нашето училиште се реализираше средба со колегите со цел споделување на искуства од обуката за наставници за критичко размислување , решавање проблеми и кодирање одржана од 22-24 март од страна на BRITISH COUNCIL   и  UK GOVERNMENT.

слика7 слика6 слика5 слика4 слика2 слика1

Биохемискиот состав на храната – Центар за Храна

Центар за храна 2019

На 16.03.2019 Центарот за Храна во рамките на ООУ „Вера Циривири Трена“ започна со лабораториски активности на тема Биохемискиот состав на храна. При оваа работилница пријавените учениции беа воведени во основите на лабораториската работа (правилна работа и безбедност) и составот на храната и водата – јаглехидрати, минерални материи и витамини, како и некои потенцијално штетни соединенија кои можат да се најдат во истите. За секој од овие макро и микронутриенти младите истражувачи, надгледувани од страна на будното око на наставничката по Биологија Дивна Карапанчева, успешно изведуваа биохемиски експрименти и покажаа голем интерес за следната работилница.

 

1 4 2 3

Еколошки активности во „Вера“

Пролетно, еколошко средување на училишниот двор. Беа засадени нови цвеќиња, дрвца, од страна на младите биолози беше средена градината за престојната сезона, а најмалите првачиња го исчистија дворот до последниот отпадок. Ден на екологијата треба да е секој ден…придружете ни се.

IMG-8c976dff61980e8a4b6c05e2c9425f01-V IMG-9be6198a5da861f3268281100d74d580-V IMG-3fc36b566369f0c7c7b010b1c8724070-V IMG-696262802ace86bd042988323255ac51-V

dav

dav

dav

dav

dav

dav