Daily Archives: ноември 27, 2019

Унапредување на здравјето

На денешниот прекрасен есенски ден – 26.11.2019, група на ученици од ООУ “Димо Хаџи – Димов” заедно со нивната наставничка Благородна Спировска го посетија нашето училиште со цел одржување на предавање по предметот Унапредување на здравјето. Тие одржаа предавања како дел од врсничка едукација со тема Алкохолизам пред нашите ученици од деветто одделение кои пријатно ги дочекаа своите врсници заедно со наставничките Дивна Карапанчева и Гордана Ѓоргиевска. По успешната презентација, наставничката по Биологија од нашето училиште Дивна Карапанчева ги отвори вратите на ново изградената стаклена градина во школскиот двор која е всушност еден од многуте успешни проекти на нашето училиште. Учениците имаа можност да ја посетат градината и да се запознаат со истражувачката работа на Биолошката секција при нашето училиште.

viber_image_2019-11-26_17-20-42 viber_image_2019-11-26_17-20-43 viber_image_2019-11-26_17-20-44 viber_image_2019-11-26_17-20-46 viber_image_2019-11-26_17-20-46нкјн viber_image_2019-11-26_17-20-48 viber_image_2019-11-26_17-20-48јкнкјн viber_image_2019-11-26_17-23-40кбнкј

Зелени стапалчиња

Во периодот од 23-27.09.2919 беа изведени активности во согласност на проектот”Зелени стапалчиња”. Кско резултат на истите денес 25.11.2019 учениците ги презентираа реализирсните активности и своите согледувања како “ Детективи на патот”. Како награда за вложениот труд и изведените активности беа наградени со велосипед.

viber_image_2019-11-25_16-30-00 viber_image_2019-11-25_16-30-00бџгџф viber_image_2019-11-25_16-30-03 viber_image_2019-11-25_16-30-04бџфгбџ viber_image_2019-11-25_16-30-05јнјн viber_image_2019-11-25_16-32-00нјкнкј ббџгф

Месец на науката 2019

Младите научници од нашето училиште на 16.11.2019 учествуваа на настанот Ноември – Месец на науката кој се одржа на Природно – математичкиот факултет на кој учествуваа ученици од различни основни училишта од државата. На истиот учествуваа ученици од петто одделение кои со свои експерименти го претставија нашето училиште. Нивните експерименти и проекти беа во областа на Природни науки  менторирани од страна на наставничката по Биологија и Природни науки Дивна Карапанчева. Своите успешни експерименти беа наградени со прва и втора награда.

viber_image_2019-11-26_17-03-01 viber_image_2019-11-26_17-03-04 viber_image_2019-11-26_17-03-04сгс viber_image_2019-11-26_17-03-05 viber_image_2019-11-26_17-03-05бјх viber_image_2019-11-26_17-06-55