Monthly Archives: октомври 2022

МИО соработка со ОУ” Јахја Кемал”

Со цел продлабочување на мултиетничката интеграција во образованието и подигање на свеста за позитивни страни на мултикултурната кохезија, денес на 20.10.2022 година нашето училиште потпиша меморандум за соработка со ОУ” Јахја Кемал”. Согласно МИО реализирани се спортски игри под мото: Подај рака! При тоа учениците спортуваа, взаемно се бодреа, разменуваа искуства, се дружеа и играа. Преку спортскиот дух се изградија нови пријателства. Спортските игри изминаа во ведра, весела и спортска атмосфера со договор за наредни заеднички активности.

сл1 сл2 сл3 сл4 сл5 сл6 сл7 сл8 сл9 сл10 сл11 сл12

Присуство на филмскиот фестивал, Џифони

Од 6-10 октомври 2022 се оддржа десеттото издание на филмскиот фестивал, Џифони Македонија.

На филмските проекциии, присуствуваа неколку ученици од VI a и VI б одделение, заедно со наставничката Кристина Николовска-Велковска. По гледање на филмовите, учесниците се вклучија во дискусија за истите, како што и развиваа креативни вештини во ликовните и мјузикл работилници.

сл1 сл2

Одбележување на 11 Октомври

11 Октомври, Денот на народното востание на македонскиот народ, нашите ученици и наставници го одбележаа преку организирање на презентации, работилници, литературно и ликовно творење. Нивните прекрасни изработки станаа дел од училниците и внатрешниот простор на училиштето.

сл2 сл3 сл4 сл5 сл6

Одбележување  на Неделата за борба против шеќерната болест

Со цел одбележување  на Неделата за борба против шеќерната болест ( 10.10. 2022- 16.10.2022), нашите наставници и ученици организираа презентации и други активности за подигнување на свеста и раната превенција на шеќерната болест. Учениците се запознаа со тоа што претставува оваа болест и како со добра исхрана, зголемена физичка активност и здрави навики можеме да ја спречиме.

sl1 sl2 sl3 sl4 sl5

Одбележување на Детска недела

Наставниците и учениците од ООУ,,Вера Циривири – Трена” во текот на целата недела организираа разни активности по повод одбележување на Детската недела. Радоста и среќата беше присутна кај сите ученици, а посебно кај првачињата со видлива детската насмевка поради свечениот прием во Детската организација водени од мотото за Детска недела: Другарството е дел оддетската среќа.

 

сл1 сл2 сл3 сл4 сл5