Daily Archives: февруари 7, 2023

Полициската  станица – Карпош, ги подучува најмалите

Денес 01.02.2023 година во соработка со родител-стручно лице од Полициската  станица – Карпош, се одржа предавање пред учениците од IIIв одделение на тема: Безбедноста на децата во и надвор од училиштето,, и ,,Позитивни и негативни страни на интернетот и насилство преку социјалните мрежи,,. Учениците покажаа особен интерес и активно учествуваа во дискусијата на дадената тема.

с1 с2 с3

Одбележување на Недела  на забоздравствена заштита

По повод одбележување на Недела  на забоздравствена заштита, учениците од III a одделение реализираа работилница во соработка со родител,детски стоматолог д-р Елена Новеска. Учениците земаа активно учество ,научија многу работи за грижа за сопственото орално здравје, а на крајот добија и подароци.

сл1 сл2 сл3 сл4

Потикнување читачки навики кај младите

Креативна работилница -План за потикнување читачки навики кај младите.Благодарност до Сказнувалка кои го посетија ООУ"Вера Циривири-Трена " и младите читатели од Va  и V б одделение , и им презентираа детска литература од странски автори преведени на македонски јазик.Учениците уживаа во текстовите од книгите , активно учествуваа во анализа и обработка на прочитаното. Целта на работилницата беше негување на љубов кон книгата и читањето ,потребата на книгата во растењето на децата и нејзината огромна моќ во едукација, осознавање и креативност.

сл2 сл3сл4

 

Месецот на штедење- октомври, Шпаркасе Банка заедно со Медо Штедо

По повод месецот на штедење- октомври, Шпаркасе Банка заедно со Медо Штедо, ги посетија првачињата од ООУ,, Вера Циривири- Трена” и им дадоа корисни совети за штедење преку претстава и делење подароци.

сл1 сл2 сл3

 

Стопанска банка на гости кај нас

27.10.2022 Посета  вторачињата од Стопанска банка по повод месецот на штедење.

сл1 сл2 сл3

Посета на природонаучниот музеј

Учениците од 8б одд денес го  посетија природонаучниот музеј со цел да изработаат кроки-брз цртеж од изложените артефакти и воедно научивме што е кустос биолог и препаратор. Благодарност до природонаучен музеј и Дарко Базерко.

сл2 сл3 сл4 сл5 сл6