Monthly Archives: март 2023

Априлијада во нашето училиште

Денот на шегата со маски, низ смеа и песна го прославиме во нашето училиште.

сл1 сл2 сл3 сл4 сл5

Франкофонија

Како и секоја година и оваа година ја прославивме Франкофонијата. На 21 март во ООУ ,,Димитар Миладинов",  десет училишта направивме заеднички спектакл, кој навистина ја одушеви и ја маѓепса публиката. Сите различни точки слеаа во една. Претставник од о.о.у. „Вера Циривири –Трена" беше ученичката од 8 одд. Јована Јанкуловска која ја испеа песната “Je t’aime” –Lara Fabian. Логото беше Франција не обединува и да продолжиме да ја негуваме традицијата на изучуваме француски јазик.

sl1 sl2

 

Резултати од општинскиот натпревар по англиски јазик

Резултати од општинскиот натпревар по англиски јазик, одржан на 18.03.2023 година и организиран од ЕЛТАМ:

 

Сите ученици од петто до деветто одделение одат/продолжуваат на регионален.

Тамара Несторовска Vа одделение – второ место

Александра Димитрова VIа одделение – второ место

Петар Ачкоски VIIа одделение – трето место

Андреа Паскалова VIIIа одделение – второ место

Јасна Богдановска IXа одделение – второ место

 

 

Ментор на сите ученици од петто до деветто одделение – Александра Чочевска

21 март – Светски ден на лицата со Даунов синдром и Ден на пролетта и екологијата

21 март – Светски ден на лицата со Даунов синдром и Ден на пролетта и екологијата, ги поттикна нашите ученици и наставници на низа активности. Преку, презентации, работилници, творби, акции се испратија искрени пораки за прифаќање на различностите и за подигање на еколошката свест.

sl1sl4sl5 sl6 sl7 sl8

Регионален натпревар по математика

На ден 4.03.2023 г. Беше реализиран општнски натпревар по математика на кој учество земаа учениците од VI–IX одделение. Целта на натпреварот беше за се развие љубовта кон математиката како и откривање на ученици кои имаат развиен талент кон математиката, развивање на натпреварувачки дух меѓу учениците . На истиот беа постигнати завидни резултати и тоа :

Постигнати резултати :

VI а одделение: Александра Димитрова II награда

Илин Стојановски пофалница

VI б одделение: Матеј Сиваков II награда

Горазд Кипевски пофалница

VII одделение: Матеа Мирческа III награда

VIII б одделение: Марија Мирческа пофалница

Ментор наставник : Гордана Ѓорѓиевска Јасмина Сретеноска

Моите прави и одговорности како член на општеството

Како резултат на плодната соработка со родители, на 17.03.2023 во IIIб одделение беше реализиран час од страна на Марија Дрљача – правник. Учениците се потсетија на своите права со особен акцент на нивните одговорности како членови на општеството. При тоа истите ги продлабочија споредувајќи ги со минатото и сегашноста, а ги искажаа и своите желби за иднината. 
Ја продолжуваме соработката!sl1 sl3 sl4 sl5

 

ЗАЕДНО СМЕ ПОСИЛНИ – АТЛЕТИЧАРИТЕ МАКСИМ И СОФИЈА ТРЧААТ КОН ВРВОТ

 

Постојат многу спортски приказни кои започнуваат од најмала возраст и кои подоцна го достигнуваат врвот. Секогаш е убаво кога се слуша за нив, а уште поубаво е кога тие доаѓаат од нашите најмали сограѓани од нашата општина. Една таква приказна тукушто започнаа да ја раскажуваат Максим и Софија Илиевски, брат и сестра, атлетичари во АК “Работнички,, кои се ученици во IX и VII одделение во основното училиште „Вера Циривири-Трена“ од Општина Карпош.

Спортската приказна започна со Софија чиј талент уште на првите тренинзи беше забележан од професорката по атлетика, тренер во АК Работнички, Божурка Ѓошевска. Одличната работна атмосфера на тренинзите, љубовта кон спортот и желбата за натпреварување, беа одлучувачки фактор за и нејзиниот поголем брат Максим да ја избере атлетиката. Нивната посветеност на тренинзите, предиспозиции и талент дополнително им ја зајакна потребната самодоверба и желбата за докажување.

Софија, во изминативе две години ги има постигнато следниве успеси : прво место на Национално првенство за млади пионери-ки во дисциплина на 600 метри во 2021 година, прво место на Национално екипно првенство за млади пионери-ки во дисциплина на 600 метри во 2022 година, прво место на Национално првенство за пионери-ки во дисциплина на 600 метри во 2022 година и второ место на Национално првенство во крос трчање на еден километар во категорија на млади пионери-ки во 2022 година.

Максим ги следи стапките на својата сестра па и тој е освојувач на голем број први места. Тој го освојува првото место на Национално првенство во крос трчање на два километри во 2022 година, прво место Национално првенство во дисциплина 4×100 метри, второ место во силна конкуренција на трка на 800 метри на Меѓународниот атлетски натпревар во Софија, Р. Бугарија и уште многу други.

Својата мотивација од неодамна Максим и Софија ја надополнуваат со сознанијата за инспирацијата, истрајноста и пречките со кои се соочиле големите спортисти во нивниот пат до успехот и постигнувањето на крајната цел. Една таква приказна која особено ги мотивира е спортската приказна за големиот Усаин Болт неговите предизвици, потешкотии но и неговата желба да истрае кога е најтешко и да покаже и докаже дека со посветеност, дисциплина и правилна исхрана и невозможното станува возможно, ни раскажува Максим.

-Секогаш е добро да имате талент, но само талентот не е доволен за успех. Многубројните примери покажуваат дека упорната работа, дисциплината, спортските навики, посветеноста, самодовербата, мотивацијата и соодветните услови за тренинг се фактори кои сигурно ве водат кон успех. Во атлетиката како и во останатите индивидуални спортови особено е важна менталната подготовка и самодовербата, од причина што резултатот додека сте на атлетската патека зависи само од вас самите, не од тимот, не од останатите, единствен ваш придружник е патеката по која трчате – самоуверено раскажува Максим.

Како и секој млад и талентиран спортист веруваат во својот иден спортски успех, сонуваат во освојување на златен олимписки медал, освоен медал на европско и светско првенство. Карпошовите млади атлетичари, веруваат и сонуваат во својот спортски успех и нивната приказна која тукушто започнува да се раскажува.

Општина Карпош секогаш ќе биде на страната на спортот, целосно посветена на младите, на нивниот правилен развој, на спортот, нивното здравје, давајќи ја потребната поддршка, со цел тие достојно да не преставуваат во било која сфера на спортот и науката.sl2 sl3 sl4 sl5

 Oпштински натпревар по математика 

 

 

 На  ден 4.02.2023 г. Беше реализиран општнски натпревар по математика на кој учество земаа учениците од  VI–IX  одделение.

Целта  на натпреварот беше за се развие љубовта кон математиката како и откривање на ученици кои имаат развиен талент кон математиката, развивање на натпреварувачки дух меѓу учениците . На истиот беа постигнати завидни резултати и тоа :

Постигнати резултати :

 

VI а одделение:

Никола Пандов                          I    награда      

Александра Димитрова           I    награда      

Илин Стојановски                      I    награда      

Дарија Ева Вон Дер Форст            пофалница

VI а одделение:

 

Матеј Сиваков                     III        награда     

VII  одделение:

 

Матеа Мирческа                II    награда      

VIII  а    одделение:

Нина Пандова                           II        награда      

Стефан Кимовски                    III        награда      

Александар Анастасов           III        награда      

Ема Маневска                           III        награда      

 

 

 VIII    б одделение:

Марија Мирческа                    II    награда      

 

                                                                                            Ментор   наставник : Гордана Ѓорѓиевска , Јасмина Сретеноска

Општински натпревар по предметите Биологија и Природни науки

Учениците од ООУ “Вера Циривири – Трена” на 10 март 2023 година, под менторство на наставничката по Биологија и Природни науки Дивна Карапанчева, како и наставниците по Природни науки во 4 одделение Маја Чинго и Сузана Аспровска земаа успешно учество на натпреварите по Биологија и Природни науки за учебната 2022/23 година на општинско ниво. Натпреварите беа организирани онлајн при што менторите беа задолжени за спроведување на натпреварот во училиштето. Од учениците, 31 ученика се рангирани да продолжат на регионалните натпревари. Учениците го завршија општинскиот натпревар со следните успеси:

 

     Биологија

 

VIII одделение

•    Андреј Гацоски – I награда

•    Ема Маневска – II награда

•    Матеа Секулоска – III награда

•    Јана Ѓорговска – III награда

•    Марија Мирческа – III награда

•    Александар Анастасов – III награда

•    Инес Ангелов – Пофалница

•    Јана Ѓорѓијевска – Пофалница

•    Илина Милановска – Пофалница

•    Дамјан Анчески – Учество

 

IX одделение

•    Јасна Богдановска – I награда

•    Леа Стојовска – II награда

•    Ивана Колиќ – II награда

•    Лилјана Стојанов – Пофалница

 

    Природни науки

    VI одделение

•    Матеј Маневски – I награда

•    Јана Ставревска – I награда

•    Јоана Кимовска – I награда

•    Јоана Аврамовска – II награда

•    Катја Христовска – II награда

•    Марија Милановска – III награда

•    Јован Симоновски – III награда

 

V одделение

•    Дамјан Сиваков – I награда

•    Анастасија Николова – I награда

•    Антонија Лола Ефремова – II награда

•    Бојан Тодоровски – II награда

•    Бисера Лазаревска – III награда

•    Оливија Софеска – III награда

 

 

IV одделение

•    Александра Димитрова – I награда, 1 место

•    Матеј Сиваков – I награда

•    Владан Стефановиќ – II награда

•    Горазд Кипевски – II награда

•    Анастасиа Анѓелеска – II награда

•    Дариа Ева Вон Дер Форст – II награда

•    Елена Спировска – III награда

 

 

 

 Наставник – ментор

Дивна Карапанчева

Младите истражувачи

На 4 Март во Стаклената градина учениците од биолошката секција Млади биолози заедно со наставник ментор Дивна Карапанчева беа домаќини на работилница насловена “Што јадеме и што пиеме?” организирана од Креативен Центар Карпош и предводена од м-р Томе Несторовски. На работилницата беа присутни ученици и наставници од повеќе училишта од општина Карпош.

Учениците имаа можност да докажуваат присуство на хлориди во вода за пиење кој е присутен заради нејзина дезинфекција, потоа амонијак и нитрити во вода кои не смее да ги има заради нивната токсичност. Освен вода, учениците докажуваа скроб во различни производи, редуцирачки шеќери во мед, а предмет на анализа за присуство на различни елементи беше и пепелта.

sl1 sl2 sl3