Daily Archives: март 23, 2023

Франкофонија

Како и секоја година и оваа година ја прославивме Франкофонијата. На 21 март во ООУ ,,Димитар Миладинов",  десет училишта направивме заеднички спектакл, кој навистина ја одушеви и ја маѓепса публиката. Сите различни точки слеаа во една. Претставник од о.о.у. „Вера Циривири –Трена" беше ученичката од 8 одд. Јована Јанкуловска која ја испеа песната “Je t’aime” –Lara Fabian. Логото беше Франција не обединува и да продолжиме да ја негуваме традицијата на изучуваме француски јазик.

sl1 sl2

 

Резултати од општинскиот натпревар по англиски јазик

Резултати од општинскиот натпревар по англиски јазик, одржан на 18.03.2023 година и организиран од ЕЛТАМ:

 

Сите ученици од петто до деветто одделение одат/продолжуваат на регионален.

Тамара Несторовска Vа одделение – второ место

Александра Димитрова VIа одделение – второ место

Петар Ачкоски VIIа одделение – трето место

Андреа Паскалова VIIIа одделение – второ место

Јасна Богдановска IXа одделение – второ место

 

 

Ментор на сите ученици од петто до деветто одделение – Александра Чочевска