Daily Archives: мај 26, 2023

Државен натпревар по математика

На ден 14.05.2023 г. Беше реализиран државен натпревар по математика на кој учество земаа учениците од VI–IX одделение. Целта на натпреварот беше за се развие љубовта кон математиката како и откривање на ученици кои имаат развиен талент кон математиката, развивање на натпреварувачки дух меѓу учениците . На истиот беа постигнати завидни резултати и тоа : Постигнати резултати :

VI а одделение: Александра Димитрова II награда

VI б одделение: Матеј Сиваков I награда Ментор

наставник : Гордана Ѓорѓиевска, Јасмина Сретеноска

Државен натпревар по Биологија

 

Учениците од ООУ “Вера Циривири – Трена” на 20 мај 2023 година, под менторство на наставничката по Биологија и Природни науки Дивна Карапанчева земаа успешно учество на натпреварот по Биологија за учебната 2022/23 година на државно ниво. Натпреварот беше организиран со физичко присуство на Природно – математичкиот факултет во Скопје. Нашето училиште се гордее со резултатите на учениците. Учениците го завршија државниот натпревар со следните успеси:

9 одделение:

– Јасна Богдановска – II награда


8 одделение:

– Ема Маневска – I награда
– Андреј Гацоски – II награда
– Марија Мирческа – III награда
– Јана Ѓорѓијевска – Пофалница
– Матеа Секулоска – Учество