Category Archives: Активности
Oдбележувањето на 60 – годишниот јубилеј на нашето училиште “Вера Циривири – Трена”
Море од емоции, воздишки до бескрај, радосни ученици, насмеани родители, горди наставници. Ова е краткото резиме од одбележувањето на 60 – годишниот јубилеј на нашето училиште “Вера Циривири – Трена”.Благодарност до сите ученици, наставници и родители кои учествуваа во креирањето на едночасовна претстава испреплетена со глума,музички и фолклорни точки. Пораката која ја испративме е силна и јасна. Секоја генерација си има свои специфики во растот, развојот и воспитувањето, но целта на нас како наставници и родители е да им ги всадиме вистинските вредности и етички норми, затоа што само така нашите ученици можат да се оформат во ментално здрави личности.
Учиме за здрава храна
Плодната соработка со родителите од IIIб одделение продолжи со сктивност на 10.05.2023година. Беше реализиран час од страна на Марија Бојчевска. Учениците ги продлабочија своите знаења за здравста храна и нејзиното значење. Воедно со големо задоволство и насмевки направија овошни салати кои ги дегустираа. Со ова ги нанаправија првите чекори во нутриционизмот.
Соработката продолжува!
Работилницата „Сееме и садиме„
Младите биолози од нашето училиште предводени од наставник ментор Дивна Карапанчева повторно ги споделуваа своите знаења и беа домаќини на работилницата „Сееме и садиме„ организирана од Креативен Центар Карпош во нашата Стаклена градина на 13 Мај. На работилницата беа присутни ученици од повеќе основни училишта од општина Карпош.
Работилницата беше посветена на вегетативно размножување при што учениците имаа можност на неколку креативни групи да стекнат нови вештини меѓу кои и правење на вертикална градина, правење на самонаводнувачки саксии, садење на различни семиња, садење на пченица на различни подлоги и други активности. На крајот од работилницата, професорот Зоран Поповски ги запозна учениците со современите технологии на размножување на растенијата и генетски модификации.
КОНКУРС ЗА ИЗБОР НА ПРВЕНЕЦ
ООУ Вера Циривири-Трена
______________________________________________
ул. Руѓер Бошковиќ бр.9
Карпош – Скопје
тел.3068507
КОНКУРС ЗА ИЗБОР НА ПРВЕНЕЦ
Oд 8.05.2023 год – до .22.05 .2023год , ООУ„Вера Циривири- Трена“ распишува конкурс за избор на Првенец на генерација. Сите кандитати , ученици од деветто одделение кои се заинтересирани за учество на конкурсот„Првенец на генерација“ ,учебна 2022/2023 година потребно е да достават молба и лични документи (дипломи, сертификати, благодарници, пофалници) кај секретарот во училиште во период од 9:00h до 12:00h.
дата директор
05.05.2022 год. Светлана Шајноска
Вклученоста на нашето училиште во проектот”Безбедноста во училиштата”
Вклученоста на нашето училиште во проектот”Безбедноста во училиштата”се потврди денес со посета и посебно обраќање кон нашите наставници и ученици, од страна на
Министерот за образование и наука Јетон Шакири, Ректорот на Универзитетот”Св.Кирил и Методиј„-Скопје проф. д-р Никола Јанкуловски,
проф.д-р Марјан Ѓуровски Филозофски факултет-Скопје,
проф.д-р Татјана Стојаноска Иванова, Филозофски факултет-Скопје, проф.д-р Софија Георгиевска Филозофски факултет-Скопје. Задоволството од нашето учество во проектот го изрази со поздравно обраќање и директорот на училиштето Светлана Шајноска. Наставниците и учениците поставуваа прашања и ги дискутираа можностите за зголемување на степенот на безбедноста во училиштата.
Честитки за нашата ученичка Камелија Каракашев
Честитки за нашата ученичка Камелија Каракашев, 2 одделение, за освоеното трето место на Ladna ликовниот конкурс “Моето чисто маало” 2022, во категорија од 7 до 10 години. Нејзината креативност и инспирација која ја покажа преку цртеж, беше препознаена и наградена. Посакуваме нејзината желба за почиста улица и повеќе паркови и зеленило да допре до сите нас.
Листа на понудени слободни изборни предмети во учебната 2023/2024 за 6 одделение
Листа на понудени слободни изборни предмети во учебната 2023/2024 за 6 одделение
- Изборни предмети за проширување/продлабочување на знаењата од задолжителните наставни предмети:
- СПРАВУВАЊЕ СО ПРИРОДНИ КАТАСТРОФИ
1.2. МОДЕН И КОМПЈУТЕРСКИ ДИЗАЈН
1.3. ЗАШТИТА НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА
2. Изборни предмети за поддршка на интереси на учениците кои не се дел од наставните предмети:
2.1. ТАНЦИ И НАРОДНИ ОРА
2.2. ГРАДИНАРСТВО
2.3. ШАХ
- Изборни предмети за поддршка на личниот и социјалниот развој:
- МУЛТИКУЛТУРНИ РАБОТИЛНИЦИ
- ГРАДЕЊЕ ИНТЕРПЕРСОНАЛНИ ОДНОСИ
- ОБРАЗОВАНИЕ ЗА ЖИВОТНИ ВЕШТИНИ
- ЕТИКА НА РЕЛИГИИТЕ
- Изборни предмети од спортско- рекреативен карактер:
- КОШАРКА
- ОДБОЈКА
- ФУДБАЛ
Листа на понудени слободни изборни предмети во учебната 2023/2024 за 4 одделение
Листа на понудени слободни изборни предмети во учебната 2023/2024 за 4 одделение
- Изборни предмети за проширување/продлабочување на знаењата од задолжителните наставни предмети:
- ЗАШТИТА НА ЖИВОТНА СРЕДИНА
1.2. ИМАМ ПРАВА
1.3. МОДЕН И КОМПЈУТЕРСКИ ДИЗАЈН
2. Изборни предмети за поддршка на интереси на учениците кои не се дел од наставните предмети:
2.1. ТАНЦИ И НАРОДНИ ОРА
2.2. ГРАДИНАРСТВО И ХОРТИКУЛТУРА
2.3. ШАХ
- Изборни предмети за поддршка на личниот и социјалниот развој:
- ЕМОЦИОНАЛНА ПИСМЕНОСТ
- МУЛТИКУЛТУРНИ РАБОТИЛНИЦИ
- ИГРИ ЗА РАЗРЕШУВАЊЕ КОНФЛИКТИ
- Изборни предмети од спортско- рекреативен карактер:
- КОШАРКА
- ВЕЛОСИПЕДИЗАМ
- ФУДБАЛ
Листа на понудени слободни изборни предмети во учебната 2023/2024 за 5 одделение
Листа на понудени слободни изборни предмети во учебната 2023/2024 за 5 одделение
- Изборни предмети за проширување/продлабочување на знаењата од задолжителните наставни предмети:
- СПРАВУВАЊЕ СО ПРИРОДНИ КАТАСТРОФИ
1.2. ИМАМ ПРАВА
1.3. ФИНАНСИСКА ПИСМЕНОСТ
2. Изборни предмети за поддршка на интереси на учениците кои не се дел од наставните предмети:
2.1. ТАНЦИ И НАРОДНИ ОРА
2.2. ГРАДИНАРСТВО И ХОРТИКУЛТУРА
2.3. ШАХ
- Изборни предмети за поддршка на личниот и социјалниот развој:
- ЕМОЦИОНАЛНА ПИСМЕНОСТ
- ГРАДЕЊЕ ИНТЕРПЕРСОНАЛНИ ОДНОСИ
- ОБРАЗОВАНИЕ ЗА ЖИВОТНИ ВЕШТИНИ
- Изборни предмети од спортско- рекреативен карактер:
- КОШАРКА
- ВЕЛОСИПЕДИЗАМ
- ФУДБАЛ
СООПШТЕНИE ЗА УПИС НА ПРВАЧИЊА ЗА УЧЕБНА 2023-2024 година
СООПШТЕНИE
ООУ „ВЕРА ЦИРИВИРИ – ТРЕНА“ СКОПЈЕ во месец мај 2023 год. врши упис на ученици за учебната 2023/2024 год во прво одделение. Опфтени ќе бидат ДЕЦА РОДЕНИ 2017 – (до јануари 2018 год.)
ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ:
1. ИЗВОД НА РОДЕНИТЕ (ФОТОКОПИЈА)
2. ПОТВРДА ЗА ПРИМЕНИ ЗАДОЛЖИТЕЛНИ ВАКЦИНИ
3. ПОТВРДА ОД ОФТАЛМОЛОШКИ ПРЕГЛЕД
4. ПОТВРДА ОД СТОМАТОЛОШКИ ПРЕГЛЕД
Уписот е на деца кои според реонизација припаѓаат во нашето училиште и истиот се врши во просториите на училиштето.
Стручна служба на ООУ „ВЕРА ЦИРИВИРИ – ТРЕНА“ – СКОПЈЕ
КОНТАКТ ТЕЛЕФОН : 02 3068-507