Category Archives: Активности
Одбележување на Детска недела
Наставниците и учениците од ООУ,,Вера Циривири – Трена” во текот на целата недела организираа разни активности по повод одбележување на Детската недела. Радоста и среќата беше присутна кај сите ученици, а посебно кај првачињата со видлива детската насмевка поради свечениот прием во Детската организација водени од мотото за Детска недела: Другарството е дел оддетската среќа.
Меѓународната конференција под името Светот на образованието ги брише границите
Меѓународната конференцијапод името „Светот на образованието ги брише границите„ е 4-та по ред во организација на Асоцијацијата на најдобрите наставници во Екс Југославија.
Оваа година се одржа во Сараево од 26-29 мај. Титулата Најдобар наставник во бивша Југославија од Македонија како четврта генерација најдобри наставници ја понесоа м-р Матилда Бајкова, професор по македонски јазик и литература од ООу „Вера Циривири-Трена“ од Скопје.
За м-р Матилда Бајкова ова не е прва ваква награда. Таа признанието најдобар просветен работник на ниво на Македонија го доби во 2017 година, по што беше и директор на едно скопско училиште кое за четири години го издигна во препознатлива воспитно-образовна институција со многу новини и прокети.
На тема Ново време и нови идеи, таа беше панелист заедно со свои колеги од сите земји од некогашна Југославија.Истакнувајќи ја улогата и местото на наставникот во новото време, во кое тој е носител на сите промени и следачи на технолошки развој и примената на ИТ во наставата.
Беше потенцирано дека целта на конференцијата поттикнување регионални вмрежувања на најдобрите воспитувачи и учители наставници , стручни соработници и директори од образовните институции од регионот.
И тоа се’ со цел видливоста на нивната работа и создавање успешни приказни.
Заклучокот на оваа конференција беше ист за сите 300 учесници кои 4 дена низ разни активности, работилници, саем на наставниците и нивната работа, покажаа дека реформите се неопходни, но секогаш треба да се поаѓа од училницата и од практичарите. Да се биде еден 27 те, одбрани е задоволство од сработеното, воедно чест и обврска да се биде пример и инспирација.
Оваа награда им ја посвети на своите некогашни, сегашни и идни ученици и на своето семејство без кое оваа мисија ќе беше невозможна.
Распоред на часови учебна 2022-2023 година
Креативните идеи на учениците, наставниците и родителите наградени од Општина Карпош
Училишниот двор на нашето училиште доби нов лик. Сето тоа благодарение на имагинацијата на наставниците и учениците. Младите креативци со помош на нивните наставници и дел од родителите училишниот двор го претворија во катче во кое доминираат прекрасни клупи, корпи за рециклирање, корпи за отпадоци, маси за настава музички ѕид. Ангажманот на сите инволвирани страни не беше залуден. ООУ" Вера Циривири – Трена"ја доби втората награда на Јавниот повик за "Најдобро уреден ЕКО училишен двор"
Работилница со збратименото училиште „Братство“ на тема – Булинг
Во духот на заедништвото и мултиетничката интеграција на 12.05.2022 год. се одржа заедничка работилница во збратименото училиште „Братство“ на тема:Булинг. Воедно беше реализирана активности при која учениците од двете училишта дискутираа на актуелната тема и изработија плакати –„Стоп за булингот“ . При тоа правеа илустрации и пишуваа пораки на повеќе јазици.
Сето тоа беше финализирано со формирање на заеднички клуб „Стоп за булингот“ со пораки за љубов, мир и соживот.
Златен медал за нашиот Војдан
Проект за заживување на наставата по француски јазик во образовниот систем
Амбасадата на Франција и Францускиот институт во Скопје, во соработка со Министерството за образование и наука на Северна Македонија, отпочнаа голем проект за заживување на наставата по француски јазик во образовниот систем во земјава и во регионот. Настанот на којшто беше презентиран овој проект, којшто има за цел зголемување на динамиката на наставата по француски јазик во основните училишта и олеснување на изборот на францускиот како втор странски јазик, беше отворен од страна на Н.Е. г-дин Сирил Бомгартнер, Амбасадор на Франција, и г-дин Јетон Шаќири, Министер за образование и наука. Голема благодарност до г-дин Стевчо Јакимовски, Градоначалник на општина Карпош, и до г-дин Горан Стојанов, Градоначалник на Неготино, за споделувањето на нивните искуства во наставата на француски јазик во училиштата во тие општини. Благодарност за присуството и до градоначалниците, директорите на училиштата и професорите по француски јазик опфатени со овој голем проект!
Упис на ученици во прво одделение во учебната 2022- 2023година
СООПШТЕНИE
Почитувани родители/старатели,
Според член 60, од Законот за основно образование, бр.161/19 и 229/20, ООУ„Вера Циривири– Трена“-Карпош Ве известува:
Запишувањето на учениците во прво одделение
во учебната 2022/2023 ќе се врши во текот на месец мај 2022 година. Опфатени ќе бидат деца родени 2016 година (како и јануари 2017 год. по претходно поднесено барање од родител).
ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ:
1. ИЗВОД НА РОДЕНИ (ФОТОКОПИЈА);
2. ПОТВРДА ЗА ПРИМЕНИТЕ ЗАДОЛЖИТЕЛНИ ВАКЦИНИ;
3. ПОТВРДА ОД ОФТАЛМОЛОШКИ ПРЕГЛЕД;
4. ПОТВРДА ОД СТОМАТОЛОШКИ ПРЕГЛЕД.
Уписот се врши во просториите на ООУ,,Вера Циривири-Трена’’.
Стручен тим на училиштето
Контакт телефон: 3068-507
Учество на општински натпревар по англиски јазик
Учениците од ООУ “Вера Циривири – Трена” под менторство на наставничките по англиски јазик Кристина Николовска-Велковска и Александра Чочевска, земаа успешно учество на општинскиот натпреварот по англиски јазик, кој се оддржа на 19.03.2022 година во ООУ “Круме Кепески” – Кисела Вода. Сите ученици се пласираа за претстојниот регионален натпревар.
Постигнати се следните резултати:
IX одделение • Кристијан Шкоро – II место, 87 поени
VIII одделение • Анастасија Волкан – II место, 82 поени
VII одделение • Ема Маневска – II место, 89 поени
VI одделение • Тара Ефендилер– II место, 87 поени
V одделение • Стефан Велков – III место, 78 поени