Category Archives: Активности
Се натпреваруваме и победуваме
На ден 2.03.2019 г. Беше реализиран општнски натпревар по математика на кој учество земаа учениците од IV –IX одделение.
Целта на натпреварот беше за се развие љубовта кон математиката како и откривање на ученици кои имаат развиен талент кон математиката, развивање на натпреварувачки дух меѓу учениците . На истиот беа постигнати завидни резултати и тоа :
Постигнати резултати :
IV б одделение:
Јана Ѓорговска II награда (80 поени )
V а одделение:
Димитри Степаноски III награда (69 поени )
VI б одделение:
Изабела Црња пофалница
Андреј Каруловски III награда (55 поени )
Теодора Наумовска пофалница
Карма Менко III награда (67 поени )
Бодан Георгијевски III награда (55 поени )
VIIа одделение:
Анастасија Ставреска III награда (55 поени )
VIIIа одделение:
Ива Мојтиќ III награда (55 поени )
VIII б одделение:
Ивона Зикова I награда (100 поени )
Стефанија Јовческа I награда (95 поени )
Ивана Димиртова I награда (100 поени )
IX а одделение:
Теодора Пандова III награда (90 поени )
Елена Клинчарова пофалница
Проект „Музејот пријател на децата “
Проектот ,,Истражувачки споменар’’ кој започна во ноември 2018 година, во кој учевство земаа 15 основни училишта на државно ниво се заврши денес со доделување награди за најдобро изработените споменари во Музејот на македонската борба за државност и самостојнот.
Нашето училиште ,,Вера Циривири-Трена’’, со уникатниот споменар за ,,Македонската жена борец’’, го освои 3-то место на овој проект кој беше од натпреварувачки карактер. Одличната соработка помеѓу наставниците и учениците, содржината и истражувањата за жената во историјата на македонскиот народ,тимот задолжен за реализација на споменарот, ги претстави со презентација која беше проследена од сите присутни, како и од жири комисијата. Работата на тимот и менторите беше наградена со дипломи и прекрасно искуство од овој проект посветен на жената во минатото.
Центар за храна
На 20 ноември оваа година младите биолози, производители на храна во Центарот за храна кој се наоѓа во нашето училиште, ООУ „Вера Циривири – Трена“, ги собраа плодовите од последната реколта од оваа година, што ни го овозможи убавото време во овој период од годината. Под будното око на Лазе, Томе и наставничката Дивна произведени се семиња од краставички кои ќе ги чуваме за наредната сезона, тиквици како и зелка, брокула и карфиол. Учениците кои беа вклучени во работата на Центарот за храна се насладуваа на вкусните, миризливи штотуку набрани зелки и карфиол од градината, произведени без хемиски средства. Набраните тикви ќе ги искористиме за докажување на присуство на јаглехидрати, скроб и ќе изолираме ДНК во нашата хемиска лабораторија. Во наредниот период ќе ја подготвуваме градината за престојната сезона.
Патување во младото камено време – локација Тумба Маџари
Главните актери на оваа археолошка авантура се учениците од ООУ „Вера Циривири – Трена“ и учениците од ООУ „Братство“ – општина Карпош, која се оствари на 26ти октомври.
МИО партнерство кое верно и активно трае 5 години!
Учениците не само што ја посетија реконструираната неолитска населба Тумба Маџари каде слушаа за животот на неолитските предци, туку после ужината, на топлото есенско сонце, своите впечатоци тие ги изразија преку уметничко творење – сликање, моделирање…
Целта не беше учениците само да добијат информација за далечното минато, туку пред сѐ, да ги вклучат сите сетила во стекнување на целокупно опипливо знаење (Видов, слушнав, научив/направив).
Што видовме таму? (види фотографии)
Секоја фотографија од овој ден делумно ја прикажува убавината на тој необичен неолитски свет…но ова е само почеток, планираме да оствариме работилници и други посети на објекти/споменици од културното наследство во Скопје, оттаму и насловот „КалеидоСкопје“, како метафора на калеидоскопот кој се состои од многу различни бои, обрасци или форми алудирајќи на богатото скопско мултикултурно милје.
Затоа останете поврзани со нас! Следете не!
Математика на дофат
На 29 октомври, учениците од 6-то до 9-то одд ја посетија интерактивната изложба "Математика на дофат", во просториите на Кинотека на Македонија.
Изложбата ја организира Институтот „Гете“ во соработка со „Математикум“ од Гисен, првиот интерактивен музеј за математика во светот. Станува збор за патувачка изложба, која во просториите на Кинотека на Македонија е поставена од 4 до 30 октомври.
Учениците имаа можност сетилно да се дружат со математиката преку сложувалки, градење мостови, мисловни игри, 3Д форми од сапуница…
Патување во младото камено време – локација Тумба Маџари
Главните актери на оваа археолошка авантура се учениците од ООУ „Вера Циривири – Трена“ и учениците од ООУ „Братство“ – општина Карпош, која се оствари на 26ти октомври.
МИО партнерство кое верно и активно трае 5 години!
Учениците не само што ја посетија реконструираната неолитска населба Тумба Маџари каде слушаа за животот на неолитските предци, туку после ужината, на топлото есенско сонце, своите впечатоци тие ги изразија преку уметничко творење – сликање, моделирање…
Целта не беше учениците само да добијат информација за далечното минато, туку пред сѐ, да ги вклучат сите сетила во стекнување на целокупно опипливо знаење (Видов, слушнав, научив/направив).
Што видовме таму? (види фотографии)
Секоја фотографија од овој ден делумно ја прикажува убавината на тој необичен неолитски свет…но ова е само почеток, планираме да оствариме работилници и други посети на објекти/споменици од културното наследство во Скопје, оттаму и насловот „КалеидоСкопје“, како метафора на калеидоскопот кој се состои од многу различни бои, обрасци или форми алудирајќи на богатото скопско мултикултурно милје.
Присутни на настанот „Електричен пологон #5“
На ден 20.09.2018 г. на паркингот до Анекс просториите на ФЕИТ и МФС се одржа
настан кој е дел од активностите организирани од Град Скопје во рамки на „Европска недела на мобилност“.
Нашите ученици од 9 одделение имаа можност да се запознаат со новите креативни технологии .
Циривирци ги засукаа ракавите!
На Светскиот ден на чистењето – нашето училиште „Вера Циривири – Трена“ несебично зема учество во оваа акција. Со голем ентузијазам ракавите ги засукаа не само учениците од предметна настава, но и малите.
Од голема важност е фактот, но и радоста кога ќе се воочи дека нашите ученици, нашата иднина, не само што ги совладуваат предизвиците во учењето, но исто така покажуваат одговорност и свесност кон акции кои имаат за цел да развијат и негуваат еколошки и грижлив однос кон природата, кон нашата планета Земја!
Нашата парола за денешнава акција на ниво на нашата општина Карпош е:
„Мисли глобално – ЧИСТИ ЛОКАЛНО!“
Детската ликовна колонија „Вангел Коџоман“
Учениците од нашето училиште под менторство на наставничката Лилјана Ружиновска земаа учество на Детската ликовна колонија „Вангел Коџоман“ која се одржа во Струга од 23-30.06.2018 година. Колонијата е во организација на Детскиот Ликовен Центар и Министерство за Култура. Изложбата се планира во септември во Кинотеката на Македонија.
Креативниот центар Карпош ги собраа првите плодови од овогодишната реколта

На седми јуни и оваа година младите биолози, производители на храна во Центарот за храна кој се наоѓа во нашето училиште, ООУ „Вера Циривири – Трена“, а е дел од Креативниот центар Карпош ги собраа првите плодови од овогодишната реколта. Во соработка со компанијата „Евгени“ и Земјоделскиот институт, а под будното око на Лазе, Томе и наставничката Дивна произведени се првите краставици. Учениците кои беа вклучени во работата на Центарот за храна се насладуваа на вкусните, миризливи штотуку набрани краставички од градината, произведени без хемиски средства. Наредната недела се очекуваат првите тиквички, брокула, зелка и карфиол. За време на настанот, проф. д-р Зоран Т. Поповски на нашето училиште му подари збирка долгогодишно собирање материјали – Биолошко наследство на Македонија, кои ќе ни користат во воспитно – образовниот процес.