Category Archives: Активности

Зајакнување на социјалната кохезија во Македонија

На ден 14.03.2018 во ООУ „Братство“ беше спроведена активност од проектот на USAID „Зајакнување на социјалната кохезија во Македонија“. Станува збор за спортски настан – спортски игри со учество на учениците од третите одделенија од двете училишта. Овој проект придонесува да се зајакне меѓуетничката интеракција помеѓу децата и да го унапреди меѓукултурното образование. 29186593_2059364897426086_5619142452507049984_o 29187302_2059364734092769_6801296943344517120_o 29197068_2059364557426120_8287597906865684480_o 29197194_2059365104092732_1831838418288508928_o 29214838_2059364644092778_7466693854029152256_o

Успешно учество на Општински натпревар по математика

 На  ден 24.02.2018 г. Беше реализиран општнски натпревар по математика на кој учество земаа учениците од  IV–IX  одделение.

Целта  на натпреварот беше за се развие љубовта кон математиката како и откривање на ученици кои имаат развиен талент кон математиката, развивање на натпреварувачки дух меѓу учениците . На истиот беа постигнати завидни резултати и тоа :

Постигнати резултати :

 IV одделение:

Мартин Ацевски      пофалница

V   одделение:

Изабела Црња          II    награда

Меланија Петовска      пофалница

VI   одделение:

Самоил Танаскоски  пофалница

VIIа одделение:

Ива Мојтиќ        II    награда

Илина Динева   III  награда

VII б одделение:

Ивона Зикова               I  награда

Стефанија Јовческа    I  награда

 Ивана Димиртова      I  награда

  VIIIа одделение:

  Теодора Пандова         III  награда

  Евгенија Станоевска    III  награда

  Ања Марковска            III  награда

  Елена Клинчарова       III  награда

VIIIб одделение:

  Теона Цветановски   пофалница

IX а одделение:

Борјан Динев         III  награда

Ема Мишевска      пофалница

Одбележан денот на Св Климент Охридски

На 4.12.2017 година во просториите на Библиотеката „Браќа Миладиновци“- објект Другарче на свечен начин беше одбележан денот на Св Климент Охридски воедно беа доделени и овогодинешните награди на литературниот конкурс кој беше распишан од библиотеката.Нашата ученичка Марија Антониева од 9-б одд по водство на менторот м-р Матилда Бајкова се закити со престижната награда ГРАНД ПРИ за поезија. Целиот настан беше воден од ученици од Драмската секција од нашето училиште под менторство на проф. м-р Матилда Бајкова.24650937_2019469215009147_1318976355_o 24726444_2019469331675802_86691338_o 24739937_2019468925009176_1596442882_o 24818903_2019469431675792_1552656659_o 24819163_2019469488342453_1091609055_o 24826028_2019469278342474_582000393_o 24882793_2019469375009131_676499512_o

Декупаж работилница и изработка на честитки

Во четврток от на 30.12.2017, во нашето училиште се реализираше работилница за изработка на честитки и декупаж работилница со ученици од 6-то и 9-б одд.

Повод е двоен, подароци за екипата на Голем одмор во МРТВ и како дел од Новогодишната базар работилница.Се забавуваме, пеевме Јаков Ангелов од 9-то б ни свиреше. Работилница та ја организираше, водеше и спроведе предметниот наставник м-р Матилда Бајкова, проф. По македонски јазик.

24463309_10156040666159602_1749689722_o 24463417_10156040667329602_972669508_o 24474571_10156040666259602_886065353_o 24474813_10156040667074602_915229458_o 24623609_10156040666349602_1104152861_o

44 – те Караманови средби во Радовиш

На 02.12.2017година, во саботата три ученички од 6-то б одделение со нивната наставничка м-р Матилда Бајкова беа поканети и присуствуваа на поетска работилница, со словенечкиот детски писател Мојца Андреј и со кантавторот и поет Петер Андреј кои заедно музицираа и кажуваа свои стихови. Поетската работилница се одржа по повод 44-те Караманови средби во Радовиш. Јана, Луна, Мила и нивната наставничка беа единствените претставници од Скопје.

24474579_10156040644749602_606704153_o 24623597_10156040644884602_1901133912_o 24623665_10156040644254602_312012918_o 24651022_10156040646124602_926539676_o 24726108_10156040646514602_316123804_o

Во посета на Владата на Република Македонија

На ден 21.11.2017 год. активот на V одделение,паралелката V а и V б со одделенските наставници Анита Петровска и Велимир Новески по предходно договарање и закажување со лице за протокол во Владата беше реализирана посета на Владата на Р.М.Учениците беа запознаети со ингеренциите на премиерот,министрите и нивните заменици,кои министерства се дел од Владата,што е тоа министер без ресор итн.За таа цел беа посетени салата за билатерални средби каде беше објаснет протоколот за дочек на претставници на Влади на други држави,потоа салата за прес каде се одржуваат конференции за печат и салата за одржување на седници на Владата.

 

slika 6 slika 1 slika 7 slika 5 slika 4 slika 3

 

Одбележување на светскиот ден на детето

Денес учениците од Vа одделение од ООУ,,Вера Циривири Трена,, го одбележаа светскиот ден на детето 20 Ноември.Учениците низ игра даваа препораки и сопствени идеи како да се подобри животот на сите деца во светот и препораки до сите деца да бидат хумани,да се помагаат,да бидат оптимисти,да се залагаат за остварување на своите права,еднаквост на сите деца.

veb6veb5veb4veb3veb2veb1

Посета на Државниот архив на Македонија

На 10.10.2017 година, учениците од 9-б одд. заедно со предметнот наставник по македонски јазик м-р Матилда Бајкова од нашето училиште го посетија Архивот на Македонија кој се наоѓа во близина на нашето училиште. Целта на посетата беше да се запознаат со процесот на чување, архивирање и користење на документите од важност на секој граѓанин, но и да ги видат документите кои се од важност за кодификацијата на македонскиот јазик односно документите кои во оригинална форма се чуваат во Архивот. Наставната содржина за кодификацијата на македонскиот јазик и првите написи пишувани со македонската азбука беа дел од нивната цел. Љубезноста на вработените во Архивот овозможи нашите ученици да поставуваат интересни  прашања, поврзани со активностите на архивот како и да ги видат депоата каде се чуваат документите. Часот по македонски јазик беше нагледен, интересен а сите се согласија дека ваквите часови се најубави!

архив DSC06125