Category Archives: Активности
Првиот пролетен ден и ден на екологијата
Денес е првиот пролетен ден и ден на екологијата.Учениците од II a одделение се погрижија овој ден пригодно да го означат со садење на пролетни цвеќиња во Еко-градината,катче во кое уживаат и со радост престојуваат.
Учиме БРАЈОВОТО ПИСМО на ,,темнината,, и ЗНАКОВНИОТ ЈАЗИК на ,,тишината,,.
Денес ние вторачињата завршивме со изучување и на ракописните букви. Се описменивме, знаеме и да читаме и да пишуваме. Сите ја познаваме КИРИЛИЧНАТА АЗБУКА.
Но, денес научивме и нешто ново.
Во соработка со библиотекарот Ванчо Љатковски , денес одржавме заеднички час по македонски јазик на кој се запознавме и со Денес ние вторачињата завршивме со изучување и на ракописните букви. Се описменивме, знаеме и да читаме и да пишуваме. Сите ја познаваме КИРИЛИЧНАТА АЗБУКА.
Но, денес научивме и нешто ново.
Во соработка со библиотекарот Ванчо Љатковски , денес одржавме заеднички час по македонски јазик на кој се запознавме и со БРАЈОВОТО ПИСМО на ,,темнината,, и ЗНАКОВНИОТ ЈАЗИК на ,,тишината,,.
Научивме како читаат оние кои не можат да гледаат и оние кои не можат да слушаат. Научивме како може комуницираме со нив.
Децата покажаа голем интерес да ги научат овие писма, а ние бевме среќни и задоволни затоа што само за децата не постојат ниту предрасуди ниту граници кога станува збор за усна или писмена комуникација со врсниците.
Ветивме дека понудените книги ќе ги позајмуваме од библиотеката и ќе се трудиме да го научиме презентираното до совршенство.
Секој ден растеме од знаењето што го добиваме!.
Научивме како читаат оние кои не можат да гледаат и оние кои не можат да слушаат. Научивме како може комуницираме со нив.
Децата покажаа голем интерес да ги научат овие писма, а ние бевме среќни и задоволни затоа што само за децата не постојат ниту предрасуди ниту граници кога станува збор за усна или писмена комуникација со врсниците.
Ветивме дека понудените книги ќе ги позајмуваме од библиотеката и ќе се трудиме да го научиме презентираното до совршенство.
Секој ден растеме од знаењето што го добиваме!
Успешно учество на општински натпревари
На ден 19.02.2022 г. Беше реализиран општнски натпревар по математика на кој учество земаа учениците од VI–IX одделение.
Целта на натпреварот беше за се развие љубовта кон математиката како и откривање на ученици кои имаат развиен талент кон математиката, развивање на натпреварувачки дух меѓу учениците . На истиот беа постигнати завидни резултати и тоа :
Постигнати резултати :
VII б одделение:
Марија Мирческа II награда
Јана Ѓорговска III награда
VIII а одделение:
Мартин Ацевски II награда
VIII б одделение:
Алексеј Трајковски I награда
Андреј Велковски I награда
Учениците од ООУ “Вера Циривири – Трена”
под менторство на наставничката по Биологија и Природни науки Дивна Карапанчева, како и наставниците по Природни науки во 4 одделение Велимир Новески и Николина Ристовска земаа успешно учество на натпреварите по Биологија и Природни науки за учебната 2021/22 година на општинско ниво.
- Општински натпревар
Биологија 9 февруари 2022 година
IX одделение
- Бодан Георгијевски – I награда
- Меланија Петровска – I награда
- Карма Менко – II награда
- Теодора Наумовска – пофалница
VIII одделение
- Јасна Богдановска – I награда
- Леа Стојовска – II награда
- Ивана Колиќ – II награда
- Лилјана Стојанов – II награда
VII одделение
- Ема Маневска – 1 место , I награда
- Андреј Гацоски – II награда
- Стефан Кимовски – II награда
- Дамјан Анчески – III награда
- Јана Ѓорѓијевска – III награда
Природни науки 11 февруари 2022 година
VI одделение
- Михаил Георгиев – III награда
- Мартин Николовски – пофалница
- Мила Анчева – учество
V одделение
- Горазд Кипевски – II награда
- Александра Димитрова – II награда
- Матеј Сиваков – II награда
- Владан Стефановиќ – III награда
IV одделение
- Дамјан Сиваков – I награда
- Софија Мирковска – II награда
- Анастасија Николова – II награда
- Антонија Лола Ефремова – II награда
- Јана Андреевска – III награда
- Дамјан Зафировски – пофалница
Наградени ученици од Вера Циривири Трена по ликовно образование за прво полугодие 2021/2022
1. Јована Јанкуловска 7а прво место на републичка изложба по повод стручна работилница за уметничка фотографија , Ноември 2021. Организирано од Министерсво за култура и детски ликовен центар.
2. Марко Стојанов 9а. Освоено трето место на републичка изложба по повод стручна работилница за уметничка фотографија , Ноември 2021. Организирано од Министерсво за култура и детски ликовен центар.
3. Леа Жантевска 8б прво место на меѓународна ликовна изложба за деца имладинци 13ти Ноември, организирано од детски ликовен центар и Град Скопје
4. Милена Рангелова 7б освоено второ место на меѓународна ликовна изложба за деца и младинци 13ти Ноември, организирано од детски ликовен центар и град Скопје
5. Стефанија Василевска 8б.Освоено второ место на меѓународна ликовна изложба за деца и младинци 13ти Ноември, организирано од детски ликовен центар и Град Скопје
6. Теона Димовска 9а освоено прво место на републичка изложба 11ти Отомври организирано од Детски ликовен центар.
7. Ева Маневска 7а. Освоено прво место на училишна изложба по повод Св. Климент Охридски одржана на 08.12.2021
8. Јасна Богданова 8а. Освоено второ место на училишна изложба по повод Св. Климент Охридски одржана на 08.12.2021
9. Ана Ѓуровска 6б. Освоено прво место на училишна изложба по повод Св. Климент Охридски одржана на 08.12.2021
10. Јована Лазева 9б Прво место на меѓународна ликовна изложба за деца и младинци,, Флора и фауна-извор на живот и убавина” Организирано до Министерство за култура и детски ликовен центар.23.12.2021
. Дипломи за 15та Општинска детска ликовна колонија Св.Пантелејмон – Г. Нерези-Скопје Организатори: Општина Карпош и детски ликовен центар.
– Лилјана Стојанов 8б
– Ева Делов 7б
2. Дипломи за Европска недела на мобилност-Лоиковен еко конкурс – Вело училиште
– Матеа Мирческа 6б
– Ема Маневска 7а
– Јована Јанкуловска 7а
– Милена Рангелова 7б
– Леонтина Илиќ 7а
– Анелија Манов 7б
– Миа Тодоровска 8б
1. Ученици учесници на МИО средба со збратименото училиште „Братство“ под мото „Нашата традиција – наша иднина“.
– Лилјана Стојанов 8б
– Александар Тортевски 9а
Теона Димовска 9а
Софија Бајланцалиева 7б
МИО дружење под мото „Нашата традиција – наша иднина“
Во духот на заедништвото и мултиетничката интеграција во нашето училиште на 24.12.2021 год. се одржа заедничка работилница со збратименото училиште„Братство“. Истата беше реализирана под мотото „Нашата традиција – наша иднина“. Воедно беа реализирани повеќе активности како: декорирање народни мотиви и носии од двата етникума, ткаење, пишување пораки на повеќе јазици, народни танци од двата етникума.
Сето тоа беше финализирано со заедничка новогодишна порака за љубов, мир и соживот.
Меморандум за соработка со Институтот за европски образовни, социо-културни и економски политики ЕВРОПА ЗА ТЕБЕ
На ден 07.12.2021година, ООУ"Вера Циривири-Трена" склучи Меморандум за соработка со Институтот за европски образовни, социо-културни и економски политики ЕВРОПА ЗА ТЕБЕ Скопје.
Целта на соработката е да се изгради партнерство во спроведување на конкретни проектни активности со намера да се остварат заеднички цели преку реализирање на взаемни проекти во сферата на образовниот, економскиот, социо-културниот и општествениот живот.
Учество на филмски фестивал Џифони
Од 7-11 октомври 2021 год. се оддржува деветтото издание на филмскиот фестивал, Џифони Македонија.
На денешната филмска проекција ''Space Boy'' (2021), присуствуваа ученичките Јана Ѓорѓијевска и Милена Рангелова од 7б одделение, заедно со наставничката Кристина Николовска-Велковска. По гледање на филмот, учесниците се вклучија во дискусија за истиот, како што и развиваа креативни вештини во ликовната и мјузикл работилница.
Добре ни дојдовте првачиња
На ден 1. 09.2021г нашето училиште свечено ги прими првоодделенчињата .Топло добредојде од директорот на училиштето Светлана Шајноска , сите ученици , наставници и стручна служба .
Активности во нашата Еко – градина

Денешниот час по македонски јазик со наставна содржина ,,Говорни игри – ЛОТО сообраќајни средства” Iа одделение го реализираше во новата ЕКО ГРАДИНА во функција на ЕКО УЧИЛНИЦА.Учениците треба да погодуваат сообраќајни средства според даден опис на средството.Улогите за опишување и погодување на сообраќајните средства наизменично се менуваа.Целта на часот преку играта лото учениците да се запознаат со видовите сообраќајни средства беше целосно остварена.
ЧАС НА ОТВОРЕНО-МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК
Денешниот час по македонски јазик го одржавме на отворено,во училишниот двор.Наставната содржина е ,,Од збор состави реченица”.
Цел на часот – Да умеат од даден збор да состават реченица.
Учениците се наредени во круг.Првиот ученик кажува збора последниот од тој збор составува реченица.Потоа последниот ученик кажува збор вториот составува реченица итн.Секој ученик кажува збор и составува реченица.