Monthly Archives: декември 2022

Вредни деца награди нижат

На меѓународната изложба за деца и младинци ,,Флора и фауна-извор на живот и убавина 2022

-Јована Јанкуловска од VIIIa одделение освои прво место а Андреа Пешевска VIIIa одд. освои второ  место. Нивните  дела може да се видат во каталог.

sl1 sl2 sl3

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

На меѓународната изложба за деца и младинци ,,Творење и креирање на дела од отпад од пакување-2022 нашите ученици Миа Ромева VIIa, Калина Добреска VIIб, и Елена Спировска VIб, се закитија со дипломи за учество, а нивните дела зборуваат за заштита на околината и добро однесување кон нашата планета.

sl4 sl5 sl6

 

Светскиот ден на Човековите права

По повод Светскиот ден на Човековите права, учениците од 7-а со класниот раководител м-р Матилда Бајкова изработија хамер Постер. Низ податоците кои ги поставија на постерот учеа, научија, дискутира за Човековите права и околу луѓето кои во светот гласно зборуваат за Човековите права. 10.12 е денот кој го славиме и Гласно зборуваме за човечки права.
sl1 sl2 sl3

Светски ден на штедењето

Посета на нашите вторачиња од страна  Стопанска Банка, по повод месецот на штедењето – 27.10.2022

sl1 sl2 sl3 sl4

Одбележување на 8-ми Декември,Св.Климент Охридски

По повод утрешниот празник 8-ми Декември,Св.Климент Охридски, учениците во нашето училиште ООУ "Вера Циривири-Трена", твореа,рецитираа и подготвија презентации. Поголемите другарчиња со пригодно подготвена приредба говореа за важноста на делото на Св.Климент Охридски, следбеникот на Браќата Кирил и Методиј. Продолжувачот на нивното дело, патрон на градот Охрид, и Епископ Велички. Рецитираа стихови од Славко Јаневски "Климент". Ја слушаа химната посветена на Св.Климент! Во рамките на приредбата во холот имаше и изложба на цртежи инспирирани од ликот и делото на Св.Климент Охридски." Приредбата ја подготви предметниот наставник по македонски јазик и литература, м-р Матилда Бајкова, Изложбата ја подготви предметниот наставник по ликовно воспитување, Даниела Илиева Стојчева.

сл1 сл2 сл3 сл4 сл5 сл6 сл7

Честит празник!!!

Учество на “Цветно дефиле “

По повод 46 години од постоење на Општина Карпош  се одржа "Цветно дефиле "
Нашето училиште учествуваше на свечената манифестација со настап на ученичката Емили  Кочан 

слл2 слл3 слл4 слл5

Одбележување на 2 Декември, Светскиот ден на лицата со посебни потреби

По повод 2 Декември, Светскиот ден на лицата со посебни потреби учениците од 7-а со класниот раководител, изработија хамер Постер за да го одбележиме овој Светски ден! Различностите се убавината на живеење! Животот е убав!

сл1 сл2 сл3

Награди се нижат

Горди на нашите ученици кои добија награди.
Калина Добреска7-а, Марта Караева -7-б Прва награда, Ана Ѓуровска7-б 2 награда.
Благодарност до Драмската секција, која традиционално подготвува пригодна приредба за наградените ученици.

sl1 sl2 sl3 sl4 sl5 sl6