Monthly Archives: март 2023

Партнерства за зачувување на дивиот свет

По повод одбележување на Светскиот ден на дивиот свет со мотото Партнерства за зачувување на дивиот свет, и годишнината од Конвенција за меѓународна трговија со загрозени видови на дива фауна и флора, 11 ученици од 5 и 6 одделение заедно со наставник ментор Дивна Карапанчева беа дел од настанот организиран во Зоолошката градина во Скопје. На настанот учениците имаа можност да ја разоткријат мистеријата за тоа како се прогласуваат животните за загрозени, кои се заканите со кои треба да се справиме при што нашите ученици самите предлагаа начини за спречување на илегалната трговија со диви видови. 

Настанот беше организиран во рамки на проектот финансиран од Европската Унија "Подобрување на капацитетите за Натура 2000 и CITES", со поддршка на Министерството за животна средина и просторно планирање и Делегацијата на Европската Унија, и локалните партнери на проектот Македонското еколошко друштво и Фармахем.

sl1 sl2

Хуманитарниот настан ,,Со љубов од Скопје ЗОО за Турција и Сирија”

На 25.02.2023, на хуманитарниот настан ,,Со љубов од Скопје ЗОО за Турција и Сирија”, свој скромен допринос со големо срце даде нашата ученичка Галена Љутков од 3 одделение. Таа настапи со прекрасната балетска изведба на “Чиполино”.

ssl1 ssl2

Учиме за програма SCRАTCH со помош на родителот

На ден 02.03.2023 во IIIa одделение,часовите по работа со комјутери беа реализирани од страна на родител програмер Дејан Новески.Наставната содржина беше Алгоритам – постапка за извршување одредена задача која родителот ја реализираше со помош на програма SCRАTCH.Учениците беа воодушевени од постапките и сами даваа идеи за настани,циклуси и услови, команди за извршување на одредени операции.Соработката со родителите продолжува!!!На ден 02.03.2023 во IIIa одделение,часовите по работа со комјутери беа реализирани од страна на родител програмер Дејан Новески.Наставната содржина беше Алгоритам – постапка за извршување одредена задача која родителот ја реализираше со помош на програма SCRАTCH.Учениците беа воодушевени од постапките и сами даваа идеи за настани,циклуси и услови, команди за извршување на одредени операции.Соработката со родителите продолжува!!!

сл1 сл2 сл3