Monthly Archives: мај 2023

Државен натпревар по математика

На ден 14.05.2023 г. Беше реализиран државен натпревар по математика на кој учество земаа учениците од VI–IX одделение. Целта на натпреварот беше за се развие љубовта кон математиката како и откривање на ученици кои имаат развиен талент кон математиката, развивање на натпреварувачки дух меѓу учениците . На истиот беа постигнати завидни резултати и тоа : Постигнати резултати :

VI а одделение: Александра Димитрова II награда

VI б одделение: Матеј Сиваков I награда Ментор

наставник : Гордана Ѓорѓиевска, Јасмина Сретеноска

Државен натпревар по Биологија

 

Учениците од ООУ “Вера Циривири – Трена” на 20 мај 2023 година, под менторство на наставничката по Биологија и Природни науки Дивна Карапанчева земаа успешно учество на натпреварот по Биологија за учебната 2022/23 година на државно ниво. Натпреварот беше организиран со физичко присуство на Природно – математичкиот факултет во Скопје. Нашето училиште се гордее со резултатите на учениците. Учениците го завршија државниот натпревар со следните успеси:

9 одделение:

– Јасна Богдановска – II награда


8 одделение:

– Ема Маневска – I награда
– Андреј Гацоски – II награда
– Марија Мирческа – III награда
– Јана Ѓорѓијевска – Пофалница
– Матеа Секулоска – Учество

Oдбележувањето на 60 – годишниот јубилеј на нашето училиште “Вера Циривири – Трена”

sl1
sl2
sl3
sl4

Море од емоции, воздишки до бескрај, радосни ученици, насмеани родители, горди наставници. Ова е краткото резиме од одбележувањето на 60 – годишниот јубилеј на нашето училиште “Вера Циривири – Трена”.Благодарност до сите ученици, наставници и родители кои учествуваа во креирањето на едночасовна претстава испреплетена со глума,музички и фолклорни точки. Пораката која ја испративме е силна и јасна. Секоја генерација си има свои специфики во растот, развојот и воспитувањето, но целта на нас како наставници и родители е да им ги всадиме вистинските вредности и етички норми, затоа што само така нашите ученици можат да се оформат во ментално здрави личности.

sl1
sl2
sl3
sl4
sl5
sl6
sl7

Учиме за здрава храна

Плодната соработка со родителите од IIIб одделение продолжи со сктивност на 10.05.2023година.  Беше реализиран час од страна на Марија Бојчевска. Учениците ги продлабочија своите знаења за здравста храна и нејзиното значење. Воедно со големо задоволство и насмевки направија овошни салати кои ги дегустираа. Со ова ги нанаправија првите чекори во нутриционизмот. 
Соработката продолжува!

сл1 сл2 сл3

Работилницата „Сееме и садиме„

Младите биолози од нашето училиште предводени од наставник ментор Дивна Карапанчева повторно ги споделуваа своите знаења и беа домаќини на работилницата „Сееме и садиме„ организирана од Креативен Центар Карпош во нашата Стаклена градина на 13 Мај. На работилницата беа присутни ученици од повеќе основни училишта од општина Карпош.

Работилницата беше посветена на вегетативно размножување при што учениците имаа можност на неколку креативни групи да стекнат нови вештини меѓу кои и правење на вертикална градина, правење на самонаводнувачки саксии, садење на различни семиња, садење на пченица на различни подлоги и други активности. На крајот од работилницата, професорот Зоран Поповски ги запозна учениците со современите технологии на размножување на растенијата и генетски модификации.

sl1 sl2 sl3 sl4

КОНКУРС ЗА ИЗБОР НА ПРВЕНЕЦ

                 ООУ Вера Циривири-Трена

______________________________________________

     ул. Руѓер Бошковиќ бр.9

     Карпош – Скопје

     тел.3068507

 КОНКУРС ЗА ИЗБОР НА ПРВЕНЕЦ

 

 

Oд 8.05.2023 год – до .22.05 .2023год , ООУ„Вера Циривири- Трена“ распишува конкурс за  избор на Првенец на генерација.  Сите кандитати , ученици од деветто одделение кои се заинтересирани за учество на конкурсот„Првенец на генерација“ ,учебна 2022/2023 година потребно е да  достават  молба и  лични  документи (дипломи, сертификати, благодарници, пофалници) кај секретарот во училиште во период  од 9:00h до 12:00h.

 

 

 

         дата                                                                                           директор
05.05.2022 год.                                                                      Светлана Шајноска

Вклученоста на нашето училиште во проектот”Безбедноста во училиштата”

Вклученоста на нашето училиште во проектот”Безбедноста во училиштата”се потврди денес со посета и посебно обраќање кон нашите наставници и ученици, од страна на 
Министерот за образование и наука Јетон Шакири, Ректорот на Универзитетот”Св.Кирил и Методиј„-Скопје проф. д-р Никола Јанкуловски, 
проф.д-р Марјан Ѓуровски Филозофски факултет-Скопје,
проф.д-р Татјана Стојаноска Иванова, Филозофски факултет-Скопје, проф.д-р Софија Георгиевска Филозофски факултет-Скопје.  Задоволството од нашето учество во проектот го изрази со поздравно обраќање и директорот на училиштето Светлана Шајноска. Наставниците и учениците поставуваа прашања и ги дискутираа можностите за зголемување на степенот на безбедноста во училиштата.

sl1 sl2 sl3 sl4 sl5 sl6

Честитки за нашата ученичка Камелија Каракашев

Честитки за нашата ученичка Камелија Каракашев, 2 одделение, за освоеното трето место на Ladna ликовниот конкурс “Моето чисто маало” 2022, во категорија од 7 до 10 години. Нејзината креативност и инспирација која ја покажа преку цртеж, беше препознаена и наградена. Посакуваме нејзината желба за почиста улица и повеќе паркови и зеленило да допре до сите нас.

sl1 sl2